Сулејман Реџепи не се појави во Обвинителство за да даде исказ за говорот на омраза кон Македонците

-

Првиот човек на Исламската верска заедница (ИВЗ) повторно не се појави во Јавното обвинителство за да даде исказ за говорот на омраза кон Македонците, но и кон судијката што го одобри неговото разрешување од функцијата поглавар на ИВЗ, јави „Порталб“.

Причината за неговото непојавување била лошата здравствена состојба на адвокатот на Реџепи, кој преку телефон побарал одложување на распитот.

-При последниот разговор, адвокатот кој доби покана преку телефон, побара одложување поради влошената лична состојба и рече дека не ќе може да присуствува на распитот. Ќе биде испратена нова покана за распит во друг термин – велат од Обвинителството.

Претходно Реџепи не одговори на првата покана да даде исказ за говорот на омраза и преку адвокатот порача дека не може да присуствува поради религиозни причини, односно поради рамазанскиот пост.

Реисот во говор во скопското село Арнакија, на почетокот на возобновувањето на џамија на 14 март, Македонците ги нарече „диви животни“.

– Џамиите да се попречуваат и да не се одоброува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места… во село Лажец, битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кој сме во соживот. Овие се беспримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика што ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува – рече тогаш Реџепи.

Поглаварот на прес-конференција во Кондово, по седницата на Ријасетот на 23 април рече оти слушнал дека судијката која ја донела одлуката за негово разрешување страда од здравствени проблеми, и додаде „нека умре, не ми е жал“, по што доби аплауз од поддржувачите.

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот...

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

Во пеколот на незамисливата загуба, таму каде што зборовите се губат во темната празнина, родителите на 62-та млади животи згаснати во кочанската трагедија побараа средба со премиерот. Не за да добијат...

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што...

Родителите на жртвите од Кочани тврдат дека Мицкоски им рекол да си „одредат цена за нивните деца“, во Владата тоа го негираат

„Одредете си цена за вашите деца“ - родителите на загинатите деца во Кочани, тврдат дека премиерот Мицкоски, токму со оваа реченица им се обратил на средбата која ја имале со него...

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...