fbpx

Комбито на „Шарена револуција“ сопрено, па пуштено од полицијата

-

Комбито на „Шарена револуција“, кое го возеше пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, беше сопрено од полицијата откако за време на денешниот протест на „Шарената револуција“ ги испрати демонстрантите до Собранието и продолжи да се движи по булеварот Кочо Рацин.

Откако полицајците го застанеле комбито, ѝ наредиле на Димова да излезе и да го отвори, но таа не сакала да го стори тоа, велејќи им дека ќе ги почека сопствениците. Припадниците на полицијата ја прашале дали сака да се повика на пратеничкиот имунитет, на што таа одговорила потврдно, па тие не продолжиле со испрашување.

Полицијата се повлече кога виде дека група новинари со камери се движат кон комбито.
Откако полицијата си замина и Димова го раскажа случајот, Замир Мехмети од „Шарената револуција“ кажа дека ова е кукавички чин на полицијата и уште една потврда дека граѓаните сплотени можат многу.

– Сплотени, ни Чавков ни никој ништо не ни може. Ние се бориме за слобода, а тие штитат криминалци. Вака сплотени ќе одговараме на секој нивен обид сè повеќе, за да се избориме за слободата. Ова е доказ дека тие се исплашени од енергијата на овој народ – изјави Мехмети.

Граѓаните, откако пред Собранието се упатија да му дадат поддршка на комбито, продолжија да се движат за да го испратат, по што тоа безбедно го напушти протестот. Потоа граѓаните се упатија во близина на домот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а редарите се обидуваа да ја сопрат групата.

Протестот почна во 19 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство, по што демонстрантите се упатија кон Министерството за правда, кое повторно беше обоено. Таму припадник на полицијата на мегафон ги повикуваше демонстрантите да не го оштетуваат објектот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...