fbpx

ЕУ: „Јужен коридор“ наместо „Јужен тек“

Претставниците на седумте членки на ЕУ кои беа вклучени во проектот „Јужен тек“ се согласија во Брисел да тргнат по алтернативни патишта за увоз на гас, како што е „Јужен коридор“, кој го поврзува Азербејџан со Италија. Министрите за енергетика на Италија, Австрија, Бугарија, Словенија...

Арапски инвеститори го купија Скотланд јард

Скотланд јард, седиштето на лондонската полиција, кое е едно од најпознатите во светот, е продадено на инвеститори од Персискиот Залив, соопшти канцеларијата на лондонскиот градоначалник. Во соопштението од канцеларијата на градоначалникот се наведува дека финансиска групација од Абу Даби платила 370 милиони фунти, што е...

Се продава државно земјиште за изградба на филмски град во Зелениково

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно неизградено земјиште во општина Зелениково, за изградба на филмски град. Земјиштето ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање. Градежната парцела е со површина од 157.276 метри квадратни и почетната цена за еден...

СДСМ ја обвини власта за лошата состојба во сточарството

Големиот број погрешни земјоделски политики на актуелната власт се причина за преполовеното сточарско производство и за незадолството што владее меѓу сточарите кои се оставени сами на себе, обвини денеска опизицискиот СДСМ. Од СДСМ прашуваат на што се должи падот на бројот на овци кој пред...

ЕБОР ќе ѝ даде кредит на Македонија за Коридор 8 и за патишта

Европската банка за обнова и развој и Македонија денеска потпишаа договор за кредит од 145 милиони евра, со кој ќе се финансира модернизирањето на железничката инфраструктура и зајакнувањето на регионалните транспортни врски на земјата. Со кредитот кој му се дава на ЈП „Македонски железници“, се обезбедуваат...

Република Српска ги забрани производите на „Пекабеско“

Република Српска денеска го забрани производите на македонската компанија „Пекабеско“ бидејќи во нив, наводно, се откриени канцерогени материи, јавува „Балкан инсајт“ Македонските официјални претставници и претставниците на „Пекабеско“ се изненадени од одлуката на министерството за земјоделство на Република Српска да се забрани увоз на сите...

Минимален пораст на трошоците во градежништвото за нови објекти

Во третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2013 година, се повисоки за 0,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со второто...

Во ноември нема промени на цените во угостителството

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември годинава остана на исто ниво како во октомври годинава, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата ноќевања за 0,1 процент. Индексот на цените на угостителските услуги во ноември...

Ставрески ќе потпише договор со ЕБОР

Mинистерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска ќе потпише договори со Европската банка за обнова и развој, за финансирање на делницата Бељаковце - Крива Паланка и за Програмата за национални патишта. На потпишувањњто ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, директорот на ЈП „Државни...

„Виз ер“ пренесе еден милион патници

Еден милион патници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје досега има пренесено нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од почетокот на својата работа во 2011 година. Оваа авиокомпанија моментално вработува 47 луѓе.

Од поевтината нафта граѓаните нема да се офајдат

Падот на цената на нафтата на светските берзи и намалувањето на цената на горивата на домашниот пазар, не се очекува да го растовари буџетот на граѓаните, бидејќи нема многу или воопшто нема да влијае на цените на  производитево малопродажба, сметаат експертите што ги консултираше „Мета“. Според...

Конференција за промоција на македонските автохтони семиња

Во организација на „Слоу фуд млади Македонија“, денеска ќе се одржи конференција на тема „Нашите семиња, наша иднина“, а целта е промовирање и заштита на македонските автохтони семиња, пренесува „А1 он“. Ова е прв настан од неколкуте планирани на оваа тема, на која ќе дебатираат...

За гасот има алтернативи, но треба посериозно да се работи на нив

По новонастанатата ситуација со изградбата на гасоводот „Јужен тек“, на кој требаше да се приклучи и гасоводниот систем во Македонија, експертите се со поделени мислења. Според едни, Македонија има доволно гас за наредните пет-шест години, а алтернативи за понатаму постојат, додека според други, станува...

Нов штрајк на пилотите на „Луфтханза“

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ најавија нов штрајк за четврток, два дена откако заврши претходниот штрајк. Синдикатот на пилотите доцна синоќа најави дека штрајкот ќе се одрази на долгите, како и врз карго-летовите, но не на кратките и на средните летови. Пилотите се противат на идејата...

Македонија и Социјалистичка Република Виетнам потпишаа Договор за економска соработка

Денеска министерот за економија, Беким Незири, и заменик-министерот за индустрија и за трговија на Социјалистичка Република Виетнам, До Танг Хаи, потпишаа Договор за економска соработка помеѓу двете земји. Со овој договор се создаде правна рамка за развој и за унапредување на економската соработка, која ќе...

Европа на нозе за „Јужен тек“, Македонија молчи

По изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија е принудена да се повлече од проектот „Јужен тек“, поради тоа што Европска Унија не сака да ја поддржи изградбата на гасоводот, денеска реакции пристигнаа од повеќе засегнати страни. – Ако Европска Унија не сака да...

„Интел“ ја купи „Пасворд бокс“

„Интел“ ја купи канадската компанија за компјутерска безбедност „Пасворд бокс“. Компанијата во понудата има решение за брзо најавување на интернет-сервисите и на апликации. Наместо користење разни лозинки за секоја услога, „Пасворд бокс“ го олеснува процесот со користење една лозинка. „Пасворд бокс“ е основана во 2012...

Косово бара дел од наследството на СФРЈ и воена отштета

Новата косовска влада бара воена отштета и дел од златото од поранешната заедничка држава и воени објекти, пишува „Коха диторе“. Како што јавуваат приштинските медиуми, новата влада на Косово нема да го условува дијалогот со признавање на суверенитетот, но ќе бара поделба на имотот и...

Денеска почнува „Финекспо“

Во организација на Скопски саем, а под покровителство на Министерството за финансии, денеска ќе почне дванаесеттиот по ред „Финекспо“. На првиот ден ќе се одржи тркалезна маса „Актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“, на која се очекува да се...

Анализа: Сè поголема е сиромаштијата во многудетните семејства!

Семејствата со три или повеќе деца сè повеќе осиромашуваат. Во 2012 година, стапката на сиромаштија кај нив е позначајно зголемена за период од две години. Се продлабочува сиромаштијата и во семејствата на самохран родител со едно дете, се вели во анализата на „Порталб“. Најновото статистистичко мерење...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...