fbpx

Бензинот и дизелот ќе поевтинат

Бензинот од ноќеска на полноќ ќе поевтини за половина денар, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 61 денар, а „еуросуперБС-98“ за 63 денари. Новата цена на „еуродизел“ ќе изнесува 42,50 денари. Регулаторната комисија...

Се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани и на правни лица

Бројот на блокирани сметки во ноември изнесувал 247.562, од кои 69.271 се на правни лица, а 178.231 се на граѓани. Од почетокот на 2015 година до ноември истата година бројот на блокирани сметки кај граѓаните се зголемил за околу 27.000, додека кај правните лица за 3.637 сметки, покажуваат...

„Ер Франс“ во загуба од 70 милиони евра по нападите во Париз

Француско-холандскиот авиопревозник „Ер Франс –КЛМ“ денеска соопшти дека во декември претрпел штета од околу 70 милиони евра поради терористичкиот напад во Париз, извршен на 13 ноември. Компанијата објави дека ефектот од терористичките напади врз бројот на патниците се почувствувал во последните две недели. Во декември компанијата...

Трошоците за заштита на животната средина изнесувале 1,3 отсто од БДП во 2014 година

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2014 година изнесува 6.622.042.000 денари, објави Државниот завод за статистика. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во домашниот бруто-производ во 2014 година изнесувале 1,3 отсто. Учеството на трошоците за заштита на воздухот изнесува 12,8 проценти. Учеството...

Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,4 проценти за 2016 година

Светската банка во најновиот извештај за економски перспективи предвидува пораст на македонската економија од 3,4 проценти во 2016 година и по 3,7 проценти во 2017 и во 2018 година. Во извештајот се вели дека политиката, но и напливот на бегалци може да влијаат врз економиите...

Трошоците за живот лани бележат мало намалување во однос на 2014 година

Индексот на трошоците за живот во 2015 година, во однос на 2014 година, бележи намалување од 0,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Движењето на индексот на трошоците за живот во 2015 година беше...

Цените на угостителските услуги зголемени за 0,5 отсто во однос на 2014 година

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, остана на исто ниво, објави Државниот завод за статистика. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за...

Извозот до ноември помал за околу 400 милиони долари во однос на 2014 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 4.123.350.000 долари, и во однос на истиот период од 2014 година, кога изнесувал 4.542392.000 долари, има намалување од 419.042.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на увозот, во...

Откупени 8.000 тони тутун по просечна цена од 185 денари за килограм

Од почетокот на откупот на тутунот, откупени се 8.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари по килограм. За реколтата 2015/2016 година, склучени се 28.454 договри со тутунарите, што е за 17 проценти помала бројка во однос на минатата година, кога бројот на склучени договори...

Природните катастрофи светот го чинеа 90 милијарди долари

Светот потрошил околу 90 милијарди долари за санирање на последиците од природни катастрофи за време на 2015 година, што е најниска сума од 2009 година, соопшти германската осигурителна група „Минхен ре“, во својот годишен извештај. Многу тропски бури минатата година ги погодиле слабо населените подрачја,...

Судирот меѓу Техеран и Ријад ја зголеми цената на нафтата

Цените на нафтата на азискиот пазар се во пораст, бидејќи еден од најголемите произведувачи на црно злато, Саудиска Арабија, ги прекина дипломатските односи со Иран по погубувањето на шиитскиот свештеник, шеик Нимр ал Нимра. Саудиска Арабија својата одлука ја објави во неделата, еден ден откако...

Нашите скијачки центри се само за шетање, за скијање нема доволно снег

Иако вчера имаше пообилни снежни врнежи, сепак низ нашите скијачки центри нема скијање бидејќи нема доволно снег. Ски-лифтовите не работат, а и патеките не се подготвени. Од скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово велат дека не очекуваат обилни врнежи ниту во наредните денови, така што во...

Година на неизвесност и на несигурен извоз за македонските компании

Годината што почнува, за македонските компании носи неизвесност и несигурност на извозот на производите на странските пазари. За домашниот пазар, велат дека се губи куповната моќ на населението, а за странскиот големо влијание имаат глобалните случувања, како забавување на порастот на кинеската економија и...

Најавени дополнителни субвенции за свињарството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави дека годинава ќе обезбеди дополнителна поддршка за свињарството, поради зголемениот увоз на свинско од Србија. Министерот Михаил Цветков изјави дека преку програмата за директни плаќања ќе се обезбедат дополнителните субвенции во периодот од октомври до мај, кога ќе...

Лагард: Економскиот пораст следната година ќе биде разочарувачки

Глобалниот економски пораст следната година ќе биде разочарувачки, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагарад. - Во многу земји, финансискиот сектор и понатаму е слаб, а на пазарите во развој се зголемуваат финансиските ризици. Сето тоа значи дека глобалниот пораст ќе биде разочарувачки и...

Бројот на работниците во индустријата е зголемен за 1,8 проценти во однос на лани

Бројот на работниците во индустријата во ноември 2015 година, во однос на истиот месец лани, е зголемен за 2,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во ноември 2015 година, во однос на истиот месец лани,...

Намалување на трговијата на мало со храна и со пијалоци

Во трговијата на мало, во ноември 2015 година, во споредба со истиот месец лани, зголемување на прометот е забележано во групите непрехранбени продукти, освен гориво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Намалување на прометот е забележано во групата трговија на мало со храна, пијалаци...

Хоџа: Следната година ќе биде економски најтешка во последната декада

Наредната 2016 ќе биде тешка на економски план, можеби и најтешка во последната декада, оценуваат од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ). Претседателот на Комората, Неби Хоџа, нагласи дека кон крајот на јануари ќе испратат барање до Владата во кое ќе предложат серија мерки за...

Украина подготвена да воведе санкции кон Русија

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, потпиша закон со кој на украинската влада ѝ овозможува да воведе економски санкции против Русија како одговор на одлуката на Москва за зоната за слободна трговија и за ембарго, соопштено е на веб-страницата на украинскиот парламент. Министерството за економски развој на...

Битола ќе се гасифицира, обезбедни се 39 милиони евра кредит

Обезбедени се 39 милиони евра кредит, од вкупно 46,5 милиони евра, кои се потребни за изградба на системот за топлификација за Битола, Новаци и за Могила. Другите 7,5 милиони евра ќе ги обезбеди ЕЛЕМ. Со овој проект е предвидено да се употреби отпадната неискористена топлинска...

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...