fbpx

Хоџа: Следната година ќе биде економски најтешка во последната декада

-

Наредната 2016 ќе биде тешка на економски план, можеби и најтешка во последната декада, оценуваат од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).

Претседателот на Комората, Неби Хоџа, нагласи дека кон крајот на јануари ќе испратат барање до Владата во кое ќе предложат серија мерки за поттикнување на економскиот развој на земјата и за надминување на постојната состојба.

– Сигналите за наредната година не се многу оптимистички за бизнис-заедницата и не очекуваме пораст поголем од 3 проценти. Наредната година ќе биде економски тешка поради внатрешните и надворешните проблеми, како што се бегалската криза, политичката криза, изборите и проблемот во врска со името – рече Хоџа.

Според него, преземените мерки за надминување на политичката криза не донесоа новост во економската сфера и иако од бизнис-заедницата неколкупати предлагале мерки за надминување, Владата не ги зела предвид нивните предлози.

Тој се осврна и на буџетскиот дефицит, кој се зголемува низ годините како последица на популистичките мерки на Владата, зголемување на платите на администрацијата, тренд што ќе продолжи и следната година.

– Ова зголемување се базира на средства што не се креирани внатре туку се позајмени однадвор, а се покриваат со внатрешно и со надворешно задолжување, креирајќи „тесни грла“ кај приватниот сектор, со нередовно плаќање на ДДВ или од средствата на банките кои одат за финансирање на државата, наместо на приватниот сектор – додава Хоџа.

Годината што изминува ја оценува како тешка, со длабока политичка криза, а остварениот пораст од 3,5 проценти не е резултат на пораст на сите сектори во економијата, туку на фаворизирање одредени области.

– Имавме перманентно зголемување на јавниот долг, буџетски дефицит, дупка во пензискиот фонд – изјави Хоџа, кој истакна дека не се води доволно сметка за распореденоста на странските инвестиции на целата територија на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...