fbpx

Се намалуваат цените на индустриските производи

Продажните цени на индустриските производи се пониски за 0,7 отсто на месечно ниво, а за 3,8 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки...

Намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто ќе ја поевтини храната во рестораните

Министерството за економија сè уште не одговорило на барањето на хотелските и на угостителски работници за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на храната од 18 на 5 проценти. Тие својата иницијатива ја доставиле пред повеќе од шест месеци. - Ова намалување на ДДВ за...

Девизниот ефект и бројот на ноќевања се намалуваат и покрај зголемениот број на туристи

Наспроти зголемувањето на бројот на странски и на домашни туристи, во првите девет месеци од 2015 година се забележува пад на девизниот ефект за 25 проценти, во однос на истиот период во 2014 година. - Откако се почна со субвенционирање на странските тур-оператори од 2010 до 2014 година,...

Ставрески: За осум години исплатени се 4,6 милијарди денари за субвенции на лозарството

Од 2008 година досега исплатени се субвенции за поддршка на лозарството во износ од 4,6 милијарди денари, а така ќе продолжиме и во иднина, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, при посетата на Кавадарци по повод верскиот празник Свети Трифун, заштитник на...

„Индоминерали и метали“ на доверителите им должи 8,7 милиони евра

На првото рочиште во стечајната постапка за рудниците за олово и за цинк Добрево и Тораница, стечајната управничка Владица Иванова соопшти дека досега се пријавени 8,7 милиони евра долг. Толку должи индиската компанија „Индоминерали и метали“, која управуваше со рудниците под концесија од државата. Освен...

Бројот на туристи лани е зголемен за 10,9 отсто во однос на 2014 година

Како што објавува Државниот завод за статистика, бројот на туристи лани е зголемен за 10,9 отсто во однос на 2014 година. Кај домашните туристи има зголемување за 6,5 отсто, а кај странските за 14,2 отсто. Во периодот јануари-декември 2015 година, во однос на истиот период од...

Прометот во индустријата лани поголем за 8,6 отсто во однос на 2014 година

  Прометот во индустријата лани во однос на 2014 година е поголем за 8,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата во декември 2015 година, во однос на истиот месец во 2014 година, е поголем за 1,8 отсто. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство...

Малите успешни компании ќе добијат финансиска помош од околу 10.000 евра

Финансиска поддршка во висина од 615.000 денари по компанија за отворање до три работни места ќе овозможи новата пилот-мерка „Финансиска поддршка на брзорастечки микро и мали компании или т.н. газели“. Оваа мерка ќе се реализира во соработка со Бизнис-конфедерацијата на Македонија, која ќе ги рангира најуспешните...

Половина од населението се соочува со ризик да стане сиромашно

Речиси половина од македонските граѓани (43,2 проценти) се соочуваат со ризик да станат сиромашни, покажува најновиот извештај на статистичкото биро на Европската унија, Евростат. Со удел од 43,2 проценти, ризикот од сиромаштија и од социјална ексклузија во Македонија е поголем од сите други држави во...

Лагард останува на чело на ММФ уште еден мандат

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, останува на оваа функција уште пет години, пишува „Би-Би-Си“. Лагард, чијшто мандат истекува во јули, е единствениот кандидат за оваа позиција. Кристин Лагард е поранешна министерка за економија на Франција, а на чело на ММФ дојде од јули...

Дајселблум: Еврозоната и банките денеска се подобри отколку пред пет години

Шефот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, денеска изјави дека еврозоната и нејзните банки се во значително подобра состојба од пред пет години, ублажувајќи ја така загриженоста што ги вознемири глобалните пазари. - Верувам дека земјите во еврозоната, структурално гледано, се во далеку подобра состојба отколку пред пет години....

Лебот ќе поевтини од два до пет денари

Цената на лебот ќе се намали за два до пет денари поради поевтинување на српското брашно кое Македонија го увезува, најавуваат од мелничарската индустрија. Мелничарите побараа итно да се преземат мерки за да се спречи напливот на евтино увозно брашно, кое се увезува по цена колку што чини домашната...

Преговорите за К15 во јавниот сектор ќе почнат по изборите

Преговорите за задолжителниот регрес за годишен одмор (К15) во јавниот сектор ќе почнат веднаш штом ќе биде формирана нова влада по изборите, најави денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Живко Митревски. Според анализите на ССМ, околу 15 проценти од компаниите не ја исполниле законската обврска...

Николовски: Ќе ги запреме криминалот и корупцијата

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари средби со жителите на Македонски Брод. - Огромната миграција на младите луѓе е сè позастапена во Македонски Брод. Невработеноста, сиромаштијата и лошата економска состојба се поразителните резултати од погрешните политики на Груевски и на „фамилијата“,...

Кина ја претрка Европската унија во производство на енергија од ветер

Кина ја претрка Европската унија и стана најголем регион во светот по производство на електрична енергија од ветар, благодарение на огромен број инсталирани ветерници, покажа најновиот извештај на Светскиот совет за енергијата од ветрот. Кина инсталираше половина од вкупно 63 гигавати нови ветерници изградени во 2015...

„Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата од 30 милиони евра во производство на сортно вино

Винарската визба „Тиквеш“ ја заокружи десетгодишната инвестиција од 30 милиони евра за производство на сортно вино. - Изминатите години во континуитет инвестиравме во подобрување на квалитетот на врвните вина. Го зголемивме и го осовременивме капацитетот на производство, инвестиравме во технологии, во лозови насади и во човечки ресурси – изјави...

Напливот на евтино увозно брашно им создава проблеми на мелничарите

Мелничарите бараат итно  да се преземат мерки за да се спречи напливот на евтино увозно брашно, кое се увезува по цена колку што чини домашната пченица што мелничарите ја купуваа во жетва. Тие предупредуваат дека доколку не им се помогне во најкраток можен рок, голем дел од нив ќе...

Наумов: Ставрески повторно се задолжува иако одлуката на ДИК е оспорена

„Претходниот состав на Државната изборна комисија донесе политички диригирана одлука. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, свесно, надвор од сите законски надлежности, донесоа одлука со која овозможија неконтролирано задолжување во пресрет на претстојните парламентарни избори“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Тој потсетува...

Манчевски: Со парите за барокна Народна банка можеше да се рестартира РЕК Осломеј

„Нови повеќе од 35 милиони евра ќе се потрошат за раскошна и луксузна зграда, овојпат за Народна банка, покрај веќе потрошените 630 милиони евра, народни пари на „Скопје 2014“, пари со коишто можеа да се отворат стотици илјади нови работни места. Бараме веднаш да запре изградбата на луксузната...

Николовски: АХВ должи 200 милиони денари на ветеринарните друштва

„Агенцијата за храна и ветеринарство на ветеринарните друштва им должи околу 200 милиони денари, пари без кои тие не можат да функционираат. Катастрофалната финансиска состојба на ветеринарните друштва, до која ги доведе власта, се заканува да предизвика колапс во здравствената заштита на животните, а преку...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...