Лебот ќе поевтини од два до пет денари

Цената на лебот ќе се намали за два до пет денари поради поевтинување на српското брашно кое Македонија го увезува, најавуваат од мелничарската индустрија.

Мелничарите побараа итно да се преземат мерки за да се спречи напливот на евтино увозно брашно, кое се увезува по цена колку што чини домашната пченица што мелничарите ја купуваа во жетва.

Тие предупредуваат дека доколку не им се помогне во најкраток можен рок, голем дел од нив ќе ги затворат своите објекти или нема да можат да откупуваат оваа година.