fbpx

Наумов: Ставрески повторно се задолжува иако одлуката на ДИК е оспорена

-

„Претходниот состав на Државната изборна комисија донесе политички диригирана одлука. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, свесно, надвор од сите законски надлежности, донесоа одлука со која овозможија неконтролирано задолжување во пресрет на претстојните парламентарни избори“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов.

Тој потсетува дека на 22 декември 2015 година поднел тужба до Управниот суд на РМ против одлуката на Државната изборна комисија.

– Министерот Ставрески, свесен дека одлуката на ДИК е оспорена, сепак од тогаш до денес закажа и одржа четири аукции на државни хартии од вредност. Со овие четири аукции министерот Ставрески, повторно истакнувам, свесен дека одлуката на ДИК може да биде поништена, запиша повеќе од 78 милиони евра, иако за враќање доспеваа долгови во вкупен износ од 32 милиони евра. Ставрески, знаејќи дека постапката за задолжувањата на домашниот пазар на капитал не е конечна, го зголеми нето-долгот за речиси 46 милиони евра – се вели во соопштението од кабинетот на Наумов.

Во него се додава дека, „министерот Ставрески денеска, по веќе донесена и доставена одлука на Управниот суд на РМ, повторно објави проспекти за аукција на 16 февруари“.

– Во овој момент, новиот состав на Државната изборна комисија е на потег – се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на својата суверена држава. Во објавата произволно се тврди дека биле испратени 300 милијарди долари и...