Тајландската полиција открила голема мрежа лица осомничени за производство на неколку стотини лажни европски пасоши, наменети за црниот пазар на Блискиот Исток, соопштено е денеска во Бангкок.
Како што објасни тајландскиот претставник, Наталторн Пресунторн, лажните пасоши се правени врз основа на украдени вистински пасоши, а потоа по пошта биле испраќани низ светот.
Повеќето клиенти биле лица од Иран, Сирија, Авганистан и од Ирак, а цената на еден таков пасош се движела од 1.200 до 2.000 евра.
Полицијата го уапсила шефот на мрежата, Иранецот Хамид Рез Џафари, кој 25 години живее во Бангкок, а е познат по прекарот Доктор.
Во полициската акција се уапсени и пет Пакистанци.
Џафари поседувал шест различни пасоши, три од Бразил и по еден од Перу, Португалија и од Нов Зеланд.
Фалсификувањето пасоши и пари е честа појава во Тајланд, каде секоја година се губат или крадат по неколку илјади лични документи.