fbpx

Средба Груевски – Заоралек: На Македонија ѝ е потребна стабилна влада

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек.

На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија, исполнувањето на стратешките определби поврзани со интегративните процеси, како и за можноста за унапредување на соработката помеѓу двете земји.

Груевски ја афирмирал определбата за организирање фер, слободни и демократски избори, во согласност со утврдените рокови прецизирани со изборниот законик. Груевски истакнал дека врвен интерес на ВМРО-ДПМНЕ е изборите да поминат мирно и во демократска атмосфера, и дека тие се клучни во надминување на наметнатата политичка криза.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Заоралек ја истакнал важноста од поскоро одржување на изборите како начин за премостување на политичката криза. Тој посочи дека на Република Македонија, но и на европските партнери, им е потребна стабилна влада која ќе може да се соочи со глобалниот предизвик на мигрантската криза, како и да ги продолжи процесите важни за Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...