Финансиска поддршка во висина од 615.000 денари по компанија за отворање до три работни места ќе овозможи новата пилот-мерка „Финансиска поддршка на брзорастечки микро и мали компании или т.н. газели“.
Оваа мерка ќе се реализира во соработка со Бизнис-конфедерацијата на Македонија, која ќе ги рангира најуспешните микро и мали компании што ќе ја добијат оваа помош.
За оваа мерка се предвидени 6.650.000 денари и ја најавија заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, и претседателот на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.