„Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата од 30 милиони евра во производство на сортно вино

Винарската визба „Тиквеш“ ја заокружи десетгодишната инвестиција од 30 милиони евра за производство на сортно вино.

– Изминатите години во континуитет инвестиравме во подобрување на квалитетот на врвните вина. Го зголемивме и го осовременивме капацитетот на производство, инвестиравме во технологии, во лозови насади и во човечки ресурси – изјави директорот на винарницата „Тиквеш“, Игор Илиевски.

И покрај тешките околности за бизнисот, тој најави 700.000 евра инвестиции и годинава, за уште поголем пласман на квалитетно вино на странските пазари, што е стратешка определба на фирмата.