fbpx

„Фич“: Инфлацијата и натаму ќе забавува

Соодветната монетарна политика, стабилизирањето на цените на храната на светските берзи, како и временото замрзнување на цените на храната придонесоа за намалување на инфлацијата, се наведува во последниот извештај за земјава на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг „ББ+“...

Угостителските услуги во март поскапи за 6 отсто во однос на истиот месец лани

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Цените на угостителските услуги минатиот месец, пак, во споредба со февруари 2024 година, биле...

Над 150 милиони евра дадени за гасоводи кои се недоградени или не се во употреба

Во новиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за развојот на системот за гасификација стои дека во периодот од 2014 до 2023 година се потрошени 156,4 милиони евра за изградбата на магистралните гасоводи, а притоа истите не се во употреба или се недоградени. Според...

АНАЛИЗА: Поскапување на месото, шеќерот и млечните производи, поевтинување на маслото за јадење и житариците

Светската организација за храна ФАО објави дека на месечно и на годишно ниво, индексот на цените на храната е во пад. Сепак, кај  дел од основните производи и суровини за преработка и натаму има поскапување - конкретно, цените на шеќерот, месото, се во пораст,...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на активност е повеќе намалена кај жените отколку кај мажите, што е слично и со глобалните...

(АНАЛИЗА) Полесно до кредити: новоодобрените со пониски камати, условите ќе „олабавуваат“, побарувачката ќе се зголемува

Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра. Кредитните услови, пред сè, преку каматите и провизиите, ќе олеснуваат, пишува Порталб.мк. Со почетокот на оваа економска година банкарите очекуваат зголемена побарувачка на кредити - и од страна на фирмите и од граѓаните. Просечната...

Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за два денари за литар

Моторниот бензин Еуросупер БС-95 од вечерва на бензинските станици низ земјава ќе се продава поскап за два денари за литар, односно ќе чини 85 денари за литар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика. Цените на останатите горива не се менуваат. Еуросупер БС-98 и понатаму...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите и трошењата на општините Струга, Тетово, Чаир и Град Скопје, пишува Порталб.мк. Приходи и расходи на...

Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, се очекува намалување на цените

Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Со Законот се уредуваат условите и начинот за трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да...

Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци

Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање...

АНАЛИЗА (ПРВ ДЕЛ): Koлку пари од наплата на даноци и комуналии оствариле Арачиново, Гостивар, Дебар и Кичево?

Голем дел од општините минатата година не успеаа да ги реализираат буџетските планови. Има потфрлање кај наплатата на данок на имот, данок на доход, на добивка. Главен „извор“ на приходи на локалните буџети се државните трансфери. Најголема буџетска „издашност“ се платите, придонесите, комуналиите, пишува...

Од денеска граѓаните на Македонија, Србија и Албанија со слободен пристап до пазарот на трудот во „Отворен Балкан“

Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан“, соопштија од Владата. Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и има за цел...

Трајковски: Трговците да ги задржат цените на ниво на стандардот на граѓаните

Државните пазарни инспектори правеле контроли и вршеле надзори во сите големи синџири маркети во државата, а целта била да се види дали се почитуваат антикризните мерки за намалување на цените. Како што информира директорот Горан Трајковски, од првичните информации, имало прекршоци, но ќе се...

Училиштата, фирмите и институциите од февруари ќе плаќаат за 35 отсто пониски сметки за парно

За околу 35 отсто ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници и јавните институции, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика,...

Од следниот месец нема повеќе гарантирани цени во маркетите

Нема да продолжат гарантираните цени на производите во маркетите од следниот месец, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши за МИА. Редот во нелојалната конкуренција, Бектеши вели дека ќе се става со носењето на Законот за нефер трговски практики, кој според него ќе доведе...

НБРМ ги едуцира граѓаните како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки

Народната банка обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг), соопштија денеска оттаму. Ова го прават заради брзиот технолошки развој и дигитализацијата и сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, кои наметнаа потреба...

(AНАЛИЗА) Најголем број невработени до 29 години има во Скопје, Тетово, Куманово и во Гостивар

Од вкупниот број на невработени лица во државата, по повеќе од 10.000 има само во три градови, Скопје, Тетово и Куманово, пишува Порталб.мк. Освен во овие три градови, „младинската“ невработеност е највидлива и во Гостивар и во Прилеп каде се регистрирани и најголем број...

Скопје се искачи на 1 место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

Скопје е на врвот на листата на европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирање кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс. Ова е скок од четврто место на кое беше...

Бислимовски: РЕК Битола произведува струја од сонце, ветер, вода и биомаса

За дваесет и пет месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија, што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопштија денеска во Регулаторната комисија за енергетика. Како што информира претседателот Марко Бислимовски, за 25 месеци...

Дизелот вечерва поевтинува за 2 денари

Од ноќеска на полноќ, дизел горивото на бензинските станици низ земјава ќе се продава поевтино за 2 денари за литар – ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според најновата одлука, од вечерва, литар Еуродизел ќе чини 78,5 денари. Во меѓувреме, цените на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...