fbpx

НБРМ ги едуцира граѓаните како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки

Во кибернападите напаѓачите користат измамнички тактики за да обезбедат чувствителни информации, како што се кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички или други лични податоци, вели Јанкоски

-

Народната банка обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг), соопштија денеска оттаму. Ова го прават заради брзиот технолошки развој и дигитализацијата и сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, кои наметнаа потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните стандарди во борбата против измамите преку сомнителни пораки.

„Како најраспространет начин на напад претставуваат измамите преку сомнителни пораки. Станува збор за кибернапад во кој напаѓачите користат измамнички тактики за да обезбедат чувствителни информации, како што се кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички или други лични податоци“, изјавил Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка, за „Само прашај“.

Тој објаснува дека овој вид измама е мрежна измама во која напаѓачите испраќаат електронски пораки кои изгледаат како да доаѓаат од постоечки банки и бараат да се наведат чувствителни податоци.

„Најчесто тоа се постигнува со вклучување врска која ги носи граѓаните до веб-локација каде што би требало да ги внесат своите податоци, но веб-локацијата е лажна, а информациите одат директно во рацете на напаѓачите“, додава Јанкоски.

Во вакви случаи, тој вели дека е многу битно да се провери од каде доаѓа адресата, дали е онаа адреса преку која банката вообичаено воспоставува контакт, дали пораката упатува на итност и дали има некаква е-врска во самата порака.

„Тоа се црвените сигнали според кои граѓаните треба да сфатат дека се работи за порака со сомнителна содржина. Таа може да дојде од различни канали, па покрај преку електронските пораки, може да дојде и од лажни веб-локации кои имитираат легитимни веб-страници или преку испраќање лажни текстуални пораки (СМС) коишто стигнуваат на вашиот телефон. Сакам да укажам дека граѓаните треба да обрнат внимание и на објавите на социјалните мрежи и злонамерното рекламирање“, истакнува Јанкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...