fbpx

Скопје се искачи на 1 место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

На рангирањето што ова списание го прави секоја година се рангираат градови и региони од Европа според привлечноста, поволна бизнис клима како и можности за странски инвеститори.

-

Скопје е на врвот на листата на европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирање кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс.

Ова е скок од четврто место на кое беше Скопје лани. Годинава и регионот на Скопје исто така се најде меѓу првите десет мали европски региони кои го носат епитетот “градови и региони на иднината“ во однос на бизнис клима и инвестирање.

Од главните градови во соседството, Софија е рангирана на 2 место во категоријата на рентабилност, а Белград е рангиран на 8 односно 9 место во категориите рентабилност и деловна клима.  

На рангирањето што ова списание го прави секоја година се рангираат градови и региони од Европа според привлечноста, поволна бизнис клима како и можности за странски инвеститори. Рангирањето се прави според учиникот и перформансите во пет поткатегории, односно економски потенцијал, човечки капитал и начин на живот, поврзаност, поволна бизнис средина и економичност.

Годинава тимот експерти на фДИ и Фајненшал Тајмс го направи изборот меѓу 330 градови и 41 региони.

Најголем дел од странските инвеститори се во технолошко индустриските зони во Скопје. ТИРЗ со новиот пристап за привлекување на инвестиции кој го спроведува во последниве три години резултираше во постигнати инвестиции од над 1 милијарда евра, што е еднакво на вкупниот обем на инвестиции од 2006 до 2019 година.

Во 2023 се потпиша и договорот за најголемата странска гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата, тајванскиот гигант „Јагео“ со договор вреден 205 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...