fbpx

Отворањето на преговорите, можностите и предизвиците на Северна Македонија да има економска корист

-

За Северна Македонија по отворањето на преговорите со Европската Унија во јули годинава се отворија можности за поголем економски развој, но исто така за таков развој ја чекаат предизвици. Она што треба да се случи е што поскоро забрзување на процесите на подобрување на условите за водење бизнис и стимулирање на конкурентноста како природен двигател на економскиот развој и раст, е оценката на Стопанската комора на северозападна Македонија за Порталб.мк.

Според Извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени, тие го тврдат тоа бидејќи пред членството во ЕУ треба да створиме поконсолидирана економија, но и да имамe соодветни законски регулативи усогласени со земјите од ЕУ, за нашата економија да не претрпи последици од евентуалното вклучување на големиот европски пазар каде конкуренцијата е силна.

Дрилон Исени. Фото: СКСЗМ

Стопанската комора на Северозападна Македонија нагласува дека членството во ЕУ е неопходно потребно како процес, со оглед на тоа што во последните години се соочуваме со различни предизвици кои дојдоа како резултат на различни кризи кои ги погодија економиите на глобално ниво.

„Цениме дека во вакви околности државата треба да го стимулира и насочува бизнисот и стопанството во насока на зголемување на производните и извозните капацитети бидејќи тоа е вистинскиот начин за економски придобивки, како и стимулирање на претприемништвото кое, во нашата земја, го нема достигнато соодветното ниво што се однесува на бројот на деловни субјекти“, вели Исени.

За директните странски инвестиции, тој вели дека тие се несомнено важни за малите економии, особено за оние во транзиција, но треба да се земе предвид дека тие само ја ублажуваат невработеноста, но во не толку значајна мерка и дека странските инвеститори многу ретко имаат долгоорочени планови и дека тие речиси никогаш не го реинвестираат својот профит во соодветната земја, напротив тие го испраќаат профитот назад во нивните матични земји.

„Со ова станува јасно дека Европската унија покрај предностите што ги носи, носи и голем сет на предизвици на кои земјите кандидати мора да се прилагодат и да се соочат со истите“, смета Исени.

Од друга страна, бизнисменот и универзитетски професор во Бизнис Академија Смилевски-БАС, Таип Јакупи, вели дека транзицијата која траеше повеќе од 30 години во Македонија имала импликации во економијата на државата. Повеќето од нив беа негативни, но има и можност што беше дадена, со отворањето на преговорите со ЕУ економијата на Македонија да биде флексибилна.

„Мислам дека можностите за пробив на поголем пазар каков што е ЕУ ќе бидат многу поголеми, за што економијата на земјата мора да се подготви. Овде гледам можност државата малку повеќе да инвестира во можностите за развој на економијата и подигање на конкурентниот праг на економијата, бидејќи знаеме дека нашите компании немаат можност да се натпреваруваат со големите брендови, со ЕУ и земјите кои со развиени економии, затоа мислам дека рационалното користење на ИПАРД фондовите за зголемување на производствениот капацитет на земјата со која би требало навлеземе во ЕУ и пошироките пазари би била можност, која компаниите би можела да ја искористат“, оценува Јакупи.

Тој додава дека проблемите што ги имаат локалните компании денес се многу големи, почнувајќи од предизвиците на времето, како што се проблемите со енергијата, проблемите со технологиите, проблемите со знаењето, она што се разговараше пред 30 години, што е еден од големите проблеми.

Она што е предизвик е дека можноста за поголем пазар на кој би можеле да се олеснат царинските бариери би била многу голема можност за локалната економија. Она за што не се зборува официјално, а би било добро да се зборува, е корупцијата. Сигурно имаме законска регулатива која во многу висок процент е во согласност со таа на ЕУ, но нивното спроведување е многу тешко. Погледнете што се случува во последно време со можноста за поставување на фотоволтаични централи, каде што државата има многу голем предизвик, очекуваме зима каде што сите зборуваат за перипетиите кои може да ги предизвика енергетската криза. Можностите за инвестирање во ова област се мали поради различните бариери, иако сите институции во државата, од локалната до централната власт зборуваат за олеснувања, ние не ги препознаваме олеснувањата“, вели Јакупи.

Таип Јакупи. Фото: Исечок од видео

Што се однесува до иницијативата Отворен Балкан, вели дека е многу рано да се зборува за неговото влијание.

„Од она што се гледа, перцепцијата на транспортните компании во моментов е, во многу мал процент, дека сообраќајот е олеснет. На пример, шлеперите малку полесно циркулираат на граничните премини, но сè уште немаме никакво влијание од кое би можеле да ги утврдиме олеснувањата што ги носи Отворен Балкан и можноста за проток на идеи, капитал и луѓе, што е еден од постулатите на ЕУ, што би можело да произведе свои ефекти. Се надевам дека оваа можност, која е силно поддржана од САД, ќе биде добра можност, но никогаш не би сакал да верувам дека ќе биде пандан на ЕУ“, рече Јакупи.

Инаку, Европската Унија во извештајот за 2021 година, оцени дека Северна Македонија има постигнато одреден напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија.

„Тешко погодена од пандемијата, економијата во 2020 година се намали. Постепеното закрепнување започна од пролетта 2021 година. Владата спроведе силен фискален одговор за да го ублажи влијанието на кризата врз домаќинствата и компаниите. Фискалниот дефицит се зголеми на 8,2% од БДП во 2020 година, додека нивото на јавниот долг се зголеми значително, дистигнувајќи 60,2% од БДП, бидејќи требаше да се покријат дополнителните финансиски потреби. Капиталните трошења беа намалени во ревизијата на буџетот за да се направи простор за плаќање на трансферните поврзани со кризата, но сепак беа нивната реализација беше многу ниска. Властите презедоа некои дополнителни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, иако сè уште не е развиен целосно функционален регистар за државна помош“, се вели во извештајот на ЕУ.

Во извештајот се додава дека е постигнат мал напредок во подобрувањето на мобилизацијата и наплатата на приходите, како и во управувањето со јавните инвестиции, вклучително и посилна рамка за јавно-приватно партнерство.

Потсетуваме дека по 17 години Северна Македонија на 19 јули годинава ги започна преговорите со ЕУ со одржувањето на меѓувладината конференција.
Францускиот предлог за решавање на ќор-сокакот меѓу Бугарија и Северна Македонија и отворање на преговорите за европска интеграција, пристигна во земјава на 30 јуни.

Веднаш по одобрувањето на францускиот предлог во Собранието на Северна Македонија, на 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Албанија со Европската Унија. Преговорите нема да започнат се додека не се направат уставните измени од македонска страна, за кои се потребни да гласаат две третини од пратениците во Собранието, кои мнозинството ги нема, затоа и е потребна поддршка од македонската опозиција, која најавува дека нема да гласа за промена на Уставот, дури и ќе се спротивстават со протести.

Потсетуваме дека пред отстранувањето на ветото, отворањето на преговорите со Европската унија, Северна Македонија постојано беше блокирана од Бугарија. Официјална Софија бараше од Скопје да ги прифати бугарските барања дека македонскиот јазик е норма на бугарскиот јазик и дека македонската нација ја создал Јосип Броз Тито. Овој спор две години го блокираше евроинтегративниот процес на земјата, со кој Бугарија стави вето на Северна Македонија двапати во 2021 година, еднаш во јуни, а потоа на 14 декември од 2021 година, кога уште еднаш го блокираше почетокот на преговорите РСМ-ЕУ.

Пишува: Наиле Даути

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...