Работните групи денеска ќе разговараат за Специјалниот јавен обвинител

За денеска тема на средбата на работните групи е изборот на специјален јавен обвинител. Се очекува на средбата, покрај претставниците на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, да присуствува и олеснувачот Џејмс Хамилтон. На вчерашната средба, пак, на работните групи се разговараше за Државната изборна комисија и Изборниот законик. Претставници...

Заврши првата средба на работната група по одморите

Заврши средбата на членовите на работната група. Претставниците на партиите не дадоа изјава, ниту пак кажаа дали на овој состанок постигнале некаков напредок. Тема на денешните разговори требаше да биде Државната изборна комисија и Изборниот законик. Претставници од СДСМ беа Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, од...

Работните групи одморени почнаа нови средби за ДИК

По паузата за летни одмори, работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, пред малку повторно седнаа за заедничка маса. Како што се дознава, тема на денешните разговори ќе биде Државната изборна комисија и Изборниот закон. Претставници од СДСМ се Цветанка Иванова и Дамјан...

Пронајдени остатоци од индонезискиот авион

Жителите на провинцијата Папуа на крајниот исток на Индонезија ги известиле властите дека пронашле остатоци од авионот за кој тврдат дека се срушил во таа област. Ова го изјавил официјален преставник на авиокомпанијата „Тригана“ откако нивен авион со 54 патници и членови на екипажот денес...

Исчезна индонезиски авион со 54 патници

Авион на една индонезиска компанија со 54 патници исчезнал во регионот на Папуа Нова Гвинеја. Шефот на индонезиската Национална управа за пребарување и спасување, Бамбанг Соелистјо, потврди дека контактот со авионот е изгубен. Од Националната управа соопштуваат дека авионот кој летал на домашна линија и припаѓал...

„Гардијан“: Матка помеѓу 10 најдобри кањони во Европа

Британски „Гардијан“ направи репортажа за 10 најубави европски кањони за пешачење и планирање, меѓу кои се најде и Матка. „Посетителите на Скопје, кои можe да се изморат од кичестите, но пријатни нови споменици во градот може да се упатат кон езерото и кањонот Матка. Кањонот...

Изгласан пакетот мерки за штедење во Грција

Грчкото собрание, по целовечерна дебата, утринава го одобри третиот пакет мерки за штедење. За мерките гласаа 222 пратеници, 64 пратеници беа против, а воздржани имаше 11. Грчката владејачка партија СИРИЗА го изгуби минималното парламентарно мнозинство бидејќи мерките ги поддржаа само 118 левичарски пратеници, двајца помалку...

Откриени три нови вида инсекти во Македонија

Три нови досега непознати видови водени инсекти се пронајдени во националниот парк „Маврово“. Како што јавува порталот „Балкан риверс“, научниците ги откриле инсектите што спаѓаат во видовите drusus krpachi, potamophylax lemezes и siphonoperla korab во соработка со Волфрам Граф, доцент на виенскиот Универзитет за природни ресурси...

Ципрас повторно во судир со своите пратеници пред гласањето за новиот договор

Во клима на бројни пречки и на бунтувања од редовите на СИРИЗА и најавени граѓански протести, премиерот Алексис Ципрас го поднесе новиот тригодишен договор со кредиторите пред грчкото собрание со оптимизам дека до петок наутро договорот ќе добие зелено светло од грчките пратеници. Договорот за новиот...

Груевски: Изборот на нов директор на УЈП е законска постапка

Премиерот Никола Груевски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека изборот на нов директор на Управата за јавни приходи (УЈП) е законска постапка, бидејќи мандатот на актуелниот прв човек на Управата, Горан Трајковски, му завршува на 17 август, пренесува „МКД.мк“. „Можам да кажам дека има...

Смената на директорот на УЈП, Горан Трајковски, не е договорена со СДСМ

Смената на директорот на УЈП, Горан Трајковски, не е договорена со СДСМ, изјави за „Мета“ портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Не е разговарано на таа тема. Можно е да му истекува мандатот. Не сме изменаџирале ништо во таа смисла - изјави Шилегов. Управата за јавни...

Грција и „тројката“ постигнаа договор

Грчката влада и „тројката“ постигнаа договор за новите грчки обврски и реформи што ќе го обезбедат исплаќањето на новиот грчки кредит. Документот денеска ќе оди во грчкото собрание и владата се надева да биде изгласан веќе утре. Договорот беше постигнат по 18 часа непрекинати преговори меѓу...

Нема епидемија на бруцелоза во Македонија

Во Македонија нема епидемија на бруцелоза, соопшти епидемиологот Благоја Алексовски од Институтот за јавно здравје. - Од почетокот на годинава во Македонија се регистрирани 12 случаи на бруцелоза. Два од случаите се реинфицирани, додека 10 се новозаболени. Минатиот месец се регистрирани пет нови случаи на...

Бугарија ја обвинува Македонија дека ѝ пренела бруцелоза

Бруцелоза во Бугарија e пренесена со коза, која илегално е внесена од Македонија за расплод, соопшти викендов бугарскиот министер за здравство Петар Москов. Како што јавува бугарскиот портал „Оф њуз“, 23 лица се заразени со бруцелоза во градот Рила, а викендов се регистрирани нови девет заразени. -...

Почина синот на бугарскиот претседател Плевнелиев, сочувство и од Иванов

Синот на бугарскиот престедател Росен Плевнелиев, Филип (14), починал синоќа во една од болниците во Бугарија. Како што пренесуваат бугарските медиуми, тој боледувал од ретка болест која предизвикала крвавење во организмот, што било причина за настанување на смртта. Сочувство до претседателот Плевнелиев, изрази и македонскиот претседател Ѓорге...

Министерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции на 8.711 земјоделци

Министерството за финансии исплати 227 милиони денари субвенции на 8.711 земјоделци за произведено млеко и за други мерки за поддршка на земјоделството. За произведено и продадедено овчо, кравјо и козјо млеко, на 8.562 земјоделци исплатени им се 206 милиони денари. Исто така, исплатени се 1,4...

Заев до струмичкиот суд: И понатаму нема да се јавувам во судот

Скопскиот кривичен суд денеска објави дел од записникот и изјава на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со негово образложение зошто не се јавува во Основниот суд Струмица, односно не ја почитува мерката за претпазливост што му ја одреди судот за случајот „Пуч“. Од Основниот суд...

Милошоски ги скара Коѕиас и Кумуцакос

Грчкото министерство за надворешни работи и Нова демократија се скараа околу случајот со поранешниот шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски. Откако единствената формална грчка реакција на говорот на Милошоски пред карта со Македонија со егејскиот дел беше преку твитер-порака, поранешниот европратеник и одговорен за надворешна политика...

Тетовскиот регион сè уште парализиран од големото невреме

Магистралниот пат Тетово - Јажинце сè уште е непрооден поради големите наноси од камења и од земја, што ги донесе Поројска Река, во големотo невреме што го зафати Тетовско. Возилата се пренасочуваат по селскиот пат во Порој, каде се препорачува да се вози внимателно поради оштетените мостови. Од секторот...

Македонците со најниска плата на Балканот

Според Заводот за статистика на Словенија, просечната плата во оваа земја во мај изнесувала 1.008 евра, што е значително повеќе споредено со другите земји во регионот, пренесуваат црногорските медиуми. Според последните податоци од нашиот Државен завод за статистика, просечната плата во Македонија изнесува 350 евра...

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...