fbpx

Откриени три нови вида инсекти во Македонија

-

Три нови досега непознати видови водени инсекти се пронајдени во националниот парк „Маврово“.

Како што јавува порталот „Балкан риверс“, научниците ги откриле инсектите што спаѓаат во видовите drusus krpachi, potamophylax lemezes и siphonoperla korab во соработка со Волфрам Граф, доцент на виенскиот Универзитет за природни ресурси и природни науки.

Засега инсектите не се целосно истрaжени, но научниците апелираат дека тие веќе се изложени на ризик од истребување, поради планот на македонската влада за изградба на 22 хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“.

– Хидроелектраните, одводот на вода и каптирањето што доаѓа со него, ги изложува овие чувствителни видови, кои живеат на овој локалитет, на ризик од исчезнување – вели Волфрам Граф.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...