fbpx

Грција и „тројката“ постигнаа договор

-

Грчката влада и „тројката“ постигнаа договор за новите грчки обврски и реформи што ќе го обезбедат исплаќањето на новиот грчки кредит. Документот денеска ќе оди во грчкото собрание и владата се надева да биде изгласан веќе утре.

Договорот беше постигнат по 18 часа непрекинати преговори меѓу грчката страна и претставниците на европските институции. По долгите натегања за клучни прашања, како реформирање на фондот за приватизација, неповратните даноци и либерализација на енергетскиот пазар, според информациите од извори на грчката влада, и двете страни направиле мали отстапки за да се дојде брзо до договор, без да мора преговорите дополнително да се одложат и да создадат нови проблеми и одложувања во обврските и во исплаќањето на првата рата од кредитот за Грција.

Како што пренесува грчката агенција АПЕ, повикувајќи се на владини извори, било договорено да не се спроведуваат нови мерки за да се постигнат целите во 2015 и во 2016 година. Новиот договор, кој за многумина во Грција е трет меморандум за штедење договорен меѓу владата и европските кредитори, засега се знае дека опфаќа договор за примарен дефицит – 0,25 отсто од БДП во 2015 година, примарен суфицит 0,5 отсто од БДП во 2016 година, 1,75 отсто примарен суфицит во 2017 и 3,5 отсто примарен суфицит во 2018 година.

Двете страни сè уште договараат последни технички детали, а повеќе информации за целиот договор и за конкретните мерки се очекуваат во текот на денот.

Битката со кредиторите сега ќе продолжи во грчкото собрание, каде премиерот Алексис Ципрас се очекува да наиде на најголем отпор против мерките од неговите пратеници од редовите на СИРИЗА. Под знак прашалник е дали ова трето гласање за договорот со кредиторите ќе донесе нови загуби во редовите на владејачката партија, која наесен ја очекува партиски конгрес, а и потенцијални парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...