За Обединетите пензионери, зголемувањето на пензиите е владина манипулација

-

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), го осудува безобѕирното манипулирање на Владата со пензионерите, со најавата за божемно „зголемување“ на пензиите за 5 проценти , се вели во партиското соопштение.

„Владата на Република Македонија, без трошка совест, го воведе терминот „зголемување на пензиите“, само во функција на сопствен маркетинг, а го суспендира член 37 од Законот за ПИО, со кој се регулира редовното усогласување на пензиите. Вторпат, сака пензионерите „да ги преведе жедни преку вода“, во што, на општо изненадување – од само ним познати причини, добива поданичка подршка, од Сојузот на здруженијата на пензионерите (СЗПМ)“, се вели понатаму во соопштението.

Обединетите пензионери потсетуваат дека до 2013 година пензиите редовно се усогласуваа двапати годишно. Ова изборено право од пензионерите, беше во функција на подобрување на соодносот на просечната пензија во однос на просечната плата. Затоа ги повикуваат сите пензионери да им се придружат во борбата за зачувување и за подобрување на веќе стекнатите пензионерски права и истовремено заедно да се изборат да престане манипулацијата и „распродажбата“ на нивните гласови.

– Владата и раководството на СЗПМ, наместо што манипулират со терминот „зголемување“ на пензиите на солидарна основа, нека одговорат зошто е суспендирано усогласувањето, колку просечно на годишно ниво би изнесувало редовното усогласување на пензиите, зошто во ФПИОМ нема доволно пари, дали пензиите се социјални примања, каков е соодносот на просечната пензија и плата и како тие, како „демократи и лидери со претприемачки дух“, на мала врата во Македонија ја вратија урамниловката од времето на комунизмот – се вели во соопштенмието на ПОПГМ.

Оттаму предупредуваат дека пензиите никој не ги дава. Пензионерите самите си ги заработиле со финансирање на Фондот за ПИО. Секоја влада има обврска да ги гарантира и да ги исплаќа пензиите, во спротивно ќе се соочи со гневот на многубројните пензионери во Република Македонија.

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“

Вистиномер рецензираше објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: 15.01.2025 Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста...