понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: покачување | 23 резултати

Бесими најави дека ДДВ-то на струјата од утре ќе се зголеми од 10 на 18 отсто

јуни 30, 2023

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска потврди оти владата нема намера да ја задржи постојната даночна стапка на ДДВ од 10 отсто на сметките за потрошена струја за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова значи дека од утре ДДВ-то ќе порасне од 10 на 18 отсто. Бесими вели дека порастот на стапката на ДДВ нема да […]

Платите на градоначалниците на Штип и Кисела Вода не се 90.000 денари

март 18, 2023

Во неколку интернет медиуми и повеќе написи на социјалната мрежа Фејсбук се појавија информации, во кои се тврди дека градоначалниците на општините Штип и Бутел побарале покачување на платите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Притоа, се споделуваат и скенирани донесени одлуки од Советите на општините, со кои се […]

Повисоки плати во судството, обвинителството и затворската полиција – Собранието ги донесе законите

ноември 3, 2022

Собранието на денешната седница ги донесе законите за судска, за јавно-обвинителската дејност и за извршување на санкции, со кои се зголемуваат платите на вработените. Покачувањето ќе изнесува 15 отсто, извести Министерството за правда. Со денешното изгласување на законите за изменување на законот за судска служба и на законот за јавно-обвинителска служба, исто така е дефинирана […]

Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари

октомври 13, 2022

За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование. Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари. Септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука […]

Со септемвриската пензија пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 oтсто

септември 21, 2022

Министерство за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто. Ова се прави согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март годинава. „Новата методологија предвидува усогласување на пензиите […]

Заев: Поскапувањето на струјата е на барање на ЕСМ и МЕПСО, а како последица на пандемијата и неповолната состојба со хидроакумулациите

август 19, 2020

По средбата со Али Ахмети, претседателот на ДУИ, вчера, во која се договараше составот за нова влада, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече оти не се согласува со барањата за разрешување на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), која донесе одлука да се покачи цената на струјата. – Јас […]

Социјалната помош од следната година трипати повисока

септември 18, 2018

Трипати поголема социјална помош за најголем дел од семејствата во социјален ризик, преквалификација и доквалификација на работоспособните приматели со цел да можат да се вратат на пазарот на труд и да излезат од сиромаштија, како и олеснување на пристапот до детски додаток, предвидува реформата на социјалниот систем што треба да почне да се применува од […]

Кривична пријава за градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков

септември 14, 2018

Градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков, доби кривична пријава поради незаконско зголемување на цената на водата во 2015 година, во текот на претходниот мандат. Интересно е што МВР во истиот случај го товари и актуелниот директор на општинското комунално претпријатие поради тоа што цените ги вратил по старо. Станков е второпријавен, а полицијата го товари за […]

Буџетот на МРТ за годинава ќе се зголеми за три милиони евра

јули 16, 2018

Собраниската Комисија за транспорт и врски денеска го прифати предлогот за ребаланс на Буџетот на Македонската радио телевизија, со што за оваа година на сметката на јавниот радиодифузер ќе легнат уште околу три милиони евра. За 2018 година првично беше планирано МРТ да добие 700 милиони денари, а со ребалансот овој износ се зголемува за […]

Просечната нето-плата во септември изнесувала 23.229 денари

ноември 22, 2017

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2017 изнесува 34.127 денари, додека просечната нето-плата изнесува 23.229 денари, а во овој месец 1 отсто од вработените не зеле плата. Просечната плата, односно и нејзиниот бруто-износ и нето-износот биле поголеми за 4,6 отсто отколку во истиот месец во 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето […]

МВР: Подготвени сме за разговор за синдикалните барања

ноември 4, 2017

Министерството за внатрешни работи (МВР) по денешниот протест на Независниот синдикат на полицијата во центарот на Скопје, кој заврши пред Владата, порача дека е секогаш подготвено  за отворен разговор и за наоѓање решенија за секое барање или предлог на синдикалните организации на полициските службеници и на други вработени во институцијата. Од министерството посочуваат дека од […]

Македонскиот полициски синдикат бара Владата да ги зголеми платите на полицајците

ноември 3, 2017

Македонскиот полициски синдикат (МПС) денеска побара да се зголемат платите на македонските полицајци според одлуката на Владата од април 2015 година. Со  неа првично платите на вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР) беа усогласени со платите во другите сродни институции, но досега не биле исплатени другите две предвидени зголемувања од пет отсто за вработените во МВР. Синдикатот, […]

Милошоски: Ќе поднесеме предлог-закон за зголемување на пензиите

септември 10, 2017

Пратениците на Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесат предлог-закон во Собранието на Република Македонија за зголемување на пензиите за 650 денари на околу 300.000 пензионери во државата, најави на партиска прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски. – Доколку овој закон се усвои во Собранието […]

„Фиат“ на вработените во Крагуевац им понуди зголемување од девет отсто, синдикатот прифати

јули 24, 2017

Менаџментот на „Фиат“ на работниците во фабриката во српскиот град Крагуевац им понуди зголемување на платата од девет отсто, а синдикатот тоа го прифатил, јави Радио-телевизија на Србија. Понудата која е дадена на синдикатот, а денеска ќе биде проследена на вработените во компанијата „Фиат Крајслер автомобили Србија“ е за зголемување на бруто-основицата од сегашните 38.500 […]

Министерството за финансии реагира на поскапувањето на сметководствените услуги

јули 4, 2017

Министерството за финансии реагира на одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), со која значително се зголемува висината на минимални трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги. Одлуката е донесена на 19 мај годинава. Од министерството реагираат дека институтот има право да ги утврди само критериумите […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не се грижи за интересот на Македонија

јули 13, 2016

СДСМ гласаше против модернизацијата на одбраната на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Максим Димитриевски. Од владејачката партија велат дека на седницата на парламентот, на која биле нужни гласовите на опозицијата за да се изгласа ослободување од ДДВ и од цариина за набавка на опрема за Армијата, СДСМ одлучил интересот на Република Македонија […]

Партијата на пензионерите го обвини Сојузот на пензионерите дека е гласноговорник на власта

октомври 3, 2015

Раководството на Сојузот на пензионери на Македонија (СЗПМ), наместо вистински да се залага за подобрување на статусот и на правата на пензионерите во Република Македонија, од само ним познати причини, продолжува со јавни настапи во корист на актуелната владејачка политичка гарнитура, однесувајќи се како да е портпарол на власта и како СЗПМ да е политички […]

Ставрески: На 5 октомври секој пензионер ќе добие по 621 денар зголемување на пензијата

септември 27, 2015

На 5 октомври ќе биде исплатена септемвриската пензија и секој пензионер во земјава линерано ќе добие зголемување од 621 денар. Од следната година, предвидено е за уште пет проценти да бидат зголемени социјалната и постојаната парична помош, изјавија на денешната прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, и министерот за труд и социјална политика, Диме […]

За Обединетите пензионери, зголемувањето на пензиите е владина манипулација

август 11, 2015

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), го осудува безобѕирното манипулирање на Владата со пензионерите, со најавата за божемно „зголемување“ на пензиите за 5 проценти , се вели во партиското соопштение. „Владата на Република Македонија, без трошка совест, го воведе терминот „зголемување на пензиите“, само во функција на сопствен маркетинг, а го суспендира […]

Страна 1 од 1