Платите на градоначалниците на Штип и Кисела Вода не се 90.000 денари

Се работи за измена на текстот со формулација која ја користи актуелното Министерство за финансии и е по барање на ова Министерството.

-

Во неколку интернет медиуми и повеќе написи на социјалната мрежа Фејсбук се појавија информации, во кои се тврди дека градоначалниците на општините Штип и Бутел побарале покачување на платите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Притоа, се споделуваат и скенирани донесени одлуки од Советите на општините, со кои се ставаат во сила измените кои се однесуваат на платата на градоначалникот.

„Политанката Иван Јорданов, изгледа малку му е рачето во медот па бара од 61 000 на 91 000 денари зголемување на плата  “.

Фејсбук статус

Идентично е и со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце самиот си побара и преку неговите советници си ја зголеми платата за плус 30.000 денари.
Со ова ќе зема над 90.000 денари, или математички прецизно 90.967 денари
Толку од Орце ” народниот човек”
Како беше криза е мора да се штеди.  – Фејсбук статус

Овој пост е вирален и има 26 споделувањa, а коментирале 38 корисници на мрежата.

И Јорданов и Ѓеорѓиевски се огласија со свои реакции.

Целосно ги демантирам лажните вести, поврзани со платата на Градоначалникот на Општина Штип и ја информирам јавноста дека не се работи за зголемување на платата на Градоначалникот, бидејќи секој што го познава Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, знае дека платата на Градоначалникот е утврдена со член 17-в од споменатиот закон, во кој за исплата на плата на функционери и именувани лица, основицата е законски утврдена, а коефициентот со кој се множи основицата, се пресметува според бројот на жители.Лажна вест и дезинформација е дека мојата плата ќе се покачи, а целта е јасна, да се наштети лично на мене како Градоначалник и на работата на Општина Штип!, се огласи на Фејсбук, Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Јорданов со оваа реакција го споделува и писмото од Министерството за финансии, со кои се бара усогласување на платата на градоначалникот на Oпштината, според Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица.

Дезинформација е дека градоначалниците сами побарале и добиле покачување на платите, ниту дека има промена на висината на нивните плати.

На последната седница на Советот на Општината Штип навистина се донесе одлука за платата на градоначалникот, која беше усвоена без расправа и едногласно од сите советници и од власта и од опозицијата.

Како што беше објаснето од Ивана Трендафилова од Секторот за финансии на Општина Штип, се работи за измена на текстот со формулација која ја користи актуелното Министерство за финансии и е по барање на ова Министерството. Тоа го потврди и денеска за Вистиномер.

Нема промена на висината на платата. Ова усогласување по последната седница на Советот е по барање на Министерството за финансии, за усогласување со членот 17- в од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица. Законот предвидува платата на градоначалникот на Штип да се пресметува со основица од 26.755 денари помножено со коефициент 3,2. Тоа е за градоначалници во општини каде бројот на жители е од 25.001 до 50.000 жители, објасни Трендафилова.

Нето платата на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, како што потврдија од Општината Штип, изнесува 58.637 денари.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски во објаснувањето на информациите за неговата плата, пишува дека платата на градоначалникот е утврдена со овој Закон за исплата на плата на функционери и именувани лица и знаат како таа се пресметува.

Основицата е законски утврдена, а коефициентот со кој се множи основицата, се пресметува според бројот на жители. Ниту се работи за какво било зголемување на платата на Градоначалникот, што многу лесно може да се разбере за тој што го познава законот – Фејсбук пост на Орце Ѓеорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода

Според Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица, највисока плата имаат градоначалниците на најголемите општини со најголем број на жители и секако на Град Скопје. Основицата 26.755 денари за овие градоначалници се множи со највисокиот коефициент од 3,7.

Според изнесеното, пишувањата на социјалните мрежи и на некои од интернет медиумите се дезинформација. Не се зголемуваат платите на градоначалниците на 90.000 денари, ниту, пак, донесените одлуки се на нивно барање.

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...