сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: кисела вода | 26 резултати

Ако имате нешто за поправање, појдете во центарот за поправки „Ништо ново“

април 11, 2025

Здружението АРНО свечено го отвори првиот Центар за поправки во Скопје, именуван како „Ништо Ново“, а е лоциран во општина Кисела Вода. Ова е прв ваков простор во градот каде граѓаните ќе можат самите да прават поправки, да учат нови вештини, да се разменуваат со предмети кои не им се потребни, да изнајмат алат и […]

Запалено возило во Кисела Вода, пукања на стакла ги разбуди граѓаните

септември 15, 2024

Утринава во околу пет часот беше запалено возило „ауди а7“ на паркингот на улицата Христо Татарчев во Општина Кисела Вода. Чад и пукање на стакла ги разбуди граѓаните, дознава Мета.мк. Изгорени се и две други околни возила. Според информации кои ги доби Мета.мк, возилото е во сопственост на суспендиран полициски службеник од Куманово. Овој инцидент […]

Пожар изби во Расадник, се шири кон бензиската пумпа и станбените згради

септември 3, 2024

Попладнево пожар изби во местото Расадник во општината Кисела Вода. Пожарникари гасат на терен, иако пламените јазици се близу станбените згради што се наоѓаат близу Расадник. „Во овој момент беснее шумски пожар во расадникот. Горат ореови дрвја грмушки и трева, пожарот се шири во сите насоки. Има екипи од скопските пожарникари. Околните објекти верувам ќе […]

Пироман ја палел сувата трева во Расадник – Кисела Вода, пожарот е изгаснат

август 16, 2024

Денеска во 03.36 часот во СВР Скопје, од граѓанин било пријавено дека било забележано едно лице како намерно запалило сува трева во расадникот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје. „Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема“, соопшти МВР. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат […]

Објавени се резултатите од меѓународниот конкурс за Расадник, се ветува дека нема бетонизација

ноември 23, 2023

Објавени се резултатите од меѓународниот конкурс за Расадник, за идејно решение за ДУП за оваа градска четврт во Општина Кисела Вода. Два од вкупно пет пристигнати труда, освоија еднаков максимален број на поени и рамноправно го поделија првото место, како најдобар одговор на барањето на Општина Кисела Вода за обезбедување на хумано живеење во населбата […]

Платите на градоначалниците на Штип и Кисела Вода не се 90.000 денари

март 18, 2023

Во неколку интернет медиуми и повеќе написи на социјалната мрежа Фејсбук се појавија информации, во кои се тврди дека градоначалниците на општините Штип и Бутел побарале покачување на платите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Притоа, се споделуваат и скенирани донесени одлуки од Советите на општините, со кои се […]

Ѓорѓиевски: Два пати годишно ја чистевме депонијата во Расадник, граѓаните повторно ја создаваат

март 10, 2023

Дивата депонија во Расадник, Кисела Вода, два пати е темелно исчистена во текот на изминатата година и повторно е создадена од несовесни граѓани, па затоа силно апелирам да покажеме колективна свест и грижа за животната средина во која живееме, напиша на својот профил на Фејсбук Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода. Изјавата следува откако на […]

[Галерија] Расадникот во Кисела Вода претворен во нова дива депонија

март 10, 2023

Текстил и сунгери исечени на делови и парчиња, мебел и градежен шут е дел од сликата која може да се затекне на локацијата „Расадник“ во скопската општина Кисела Вода. Според фотографиите направени утринава, овој дел од населбата очигледно несовесните граѓани го користат за да го фрлаат ѓубрето, со што буквално се направени неколку мали депонии. […]

Отворен е ветениот затворен пазар во Кисела Вода

јануари 16, 2023

На местото на стариот нестандарден полуотворен пазар во Општина Кисела Вода, зад некогашното старо кино, изграден е современ, стандардизиран затворен објект со површина од 250 квадрати на кој се сместени 16 тезги. Со тоа, едно од ветувањата на Орце Георгиевски, како кандидат за градоначалник пред локалните избори во 2021 година е исполнето, пишува „Вистиномер“ во […]

Четири општини ги послушаа младите и започнаа да ги реализираат нивните еколошки идеи

јуни 8, 2022

Нови контејнери и велосипедски патеки во Куманово, фотоволтаични кровови во Чаир, селекција и чистење на отпадот и нови велосипедски паркинзи во Аеродром, како и нови паркови и повеќе зеленило, а помалку автомобили во Кисела Вода. Ова се проекти на кои се работи, а кои ги побараа младите од овие четири општини пред локалните избори минатата […]

Град Скопје во акција за сечење и кастрење дрвја во Кисела Вода, жителите негодуваат [фото]

март 24, 2022

Утрово жителите на населбата Кисела Вода се разбудија од звукот на моторните пили. Качени на дигалката од камиончето, работници на ЈП „Паркови и зеленило“ беа ангажирани од Град Скопје да ги сечат и кастрат дрвјата во парковите околу станбените згради на улица Христо Татарчев. Иако имаат решение да ги сечат и кастрат дрвјата коишто се […]

Акција на цртање на графити насловена „Кисела Вода графити џем“ се случи викендов [фото]

септември 6, 2021

Во партнерска соработка помеѓу тимот на Скопје 2028 – кандидат за европска престолнина на културата, општина Кисела Вода и Графити Шоп Хром, викендов на 4 и 5 септември се реализираше акција на цртање на графити насловена „Кисела Вода графити џем/Kisela Voda Graffiti Jam”. „Оваа акција беше организирана по повод назначувањето на нов „Легален ѕид – […]

Во сообраќајна несреќа во Кисела Вода загинаа две лица, седуммина повредени

јуни 9, 2021

Во сообраќајната несреќа која синоќа се случи на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“, загинале две лица а седуммина се повредени. МВР информира дека станува збор за „фолксваген пасат“ управуван од Р.А.(50) од Студеничани,  „мерцедес“  управуван од Х.С.(28) од Скопје, „фолксваген шаран“  управуван од З.И.(30) од с.Студеничани,  „хјундаи аксент“ управуван од О.А.(25) од с.Батинци, […]

Почна изградбата на улица Есенинова која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар

август 20, 2020

Денеска Град Скопје започна со изградба и пробивање на улицата Есенинова, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада. Новоизградената улица ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири […]

Детална анализа на дивата депонија со линдан во Драчево, бара градоначалникот Темелковски

декември 21, 2018

Притискаме да се испита дали има линдан во Пеленица, бидејќи не сакаме да остане дамка на тоа излетничко место, а уште помалку сакаме да имаме нетретирани хемикалии „во нашиот двор“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во разговор за „Мета“. Тој вели дека сите сознанија што ги има Општината се од разговори што се […]

Без вода утре и задутре голем дел од општините Кисела Вода и Аеродром

август 9, 2018

Поради реконструкција на водоводна линија што ќе се изведува кај новиот кружен тек меѓу булевар Србија и улицата Христо Татарчев кај последна 24-ка, од утре во 20 часот до сабота претпладне или напладне, без вода ќе биде голем дел од источното подрачје на Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи – Скопје. Без вода ќе […]

Избеган затвореник и баран криминалец од Србија, биле убиените од менувачницата

декември 4, 2017

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во соработка со МВР е идентификуван и вториот разбојник што беше убиен во средата минатата недела, при обид да ограби менувачница во скопската населба Кисела Вода. Тој е  граѓанин на Србија, по кого поради претходно сторени кривични дела била распишана потерница. Според првичните сознанија на јавното обвинителство, македонскиот државјанин, […]

OJO идентификувало еден од убиените напаѓачи во менувачницата во Кисела Вода

ноември 27, 2017

Основното јавно обвинителство Скопје извршило увид во менувачницата во Кисела Вода каде попладнево при обид за разбојништво две лица беа убиени. Од ОЈО информираат дека познат е идентитетот на едно од починатите лица. Надлежен јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал. „Обезбедени се траги од местото на […]

МВР: Сопственикот на менувачницата ги убил двајцата напаѓачи

ноември 27, 2017

Две засега непознати лица се убиени при обид да ограбат менувачница на улицата Борис Трајковски во Кисела Вода, соопшти МВР. Од МВР велат дека во 16.35 часот во Единицата за известување и команда добиена е пријава дека на улицата Борис Трајковски во Скопје, во менувачница, имало пукање од огнено оружје. Според првичните сознанија, двете лица, на чија […]

Двајца застрелани при обид да ограбат менувачница во Кисела Вода

ноември 27, 2017

Две лица се убиени при вооружена пресметка во менувачница во скопската населба Кисела Вода. Неофицијално, двете лица се убиени при обид да ограбат менувачница, која е лоцирана на булеварот Борис Трајковски, кај Чешма во Кисела Вода. Според првичните информации, лицето во менувачницата најверојатно извадило оружје и ги убило разбојниците. Пред менувачницата во моментов има големо полициско […]

Страна 1 од 2