fbpx

Град Скопје во акција за сечење и кастрење дрвја во Кисела Вода, жителите негодуваат [фото]

-

Утрово жителите на населбата Кисела Вода се разбудија од звукот на моторните пили. Качени на дигалката од камиончето, работници на ЈП „Паркови и зеленило“ беа ангажирани од Град Скопје да ги сечат и кастрат дрвјата во парковите околу станбените згради на улица Христо Татарчев.

Иако имаат решение да ги сечат и кастрат дрвјата коишто се обележани со симболи „С“ и „К“, жителите од населбата се незадоволни, бидејќи дрвјата кои се обележани за сеча штитат од уличната прашина и од скопското летно сонце.

„Ова дрво што го сечете сега воопшто не е суво. Во лето има зелена крошна“, реагираше возрасна жена, додека се обидуваше да ги предомисли работниците. А, тие кршејќи тенко гранче, ја убедуваа дека дрвото е суво и дека на истото место ќе засадат ново дрво.

Град Скопје утрово се обрати до јавноста со соопштение дека на 21-ви овој месец започнала големата пролетна акција за средување и чистење на скопските општини, во координација со градските јавните претпријатија.

„Согласно предвидените планирани активности иницијативата за оваа акција е само дел од целите кои се приоритет на Градот Скопје, во соработка со јавните претпријатија за чисти и уредени градски средини, а со тоа овозможувајќи реализирање и на голем број барања од страна на граѓаните“, наведено е во соопштението.

Градските власти појаснија и дека започнувајќи од општина Кисела Вода во изминативе три дена, акцијата се одвива тековно, за собирање на лисја, косење на тревниците, собирање на искосот, кроење на грмушки, чистење на зелените површини од отпадоци и смет. Кастрењето и сечењето на дрвјата се одвива според планираното, по издадени Решенија од страна на Град Скопје.

„Досега се интервенираше на: Бул. „Борис Трајковски“ – потег од рампа до раскрсница со бул. „Србија“ каде се изврши кастрење на 33 дрвја и сечење на 7 дрвја по Решение, косење на зеленилото долж булеварот, собирање на лист, правење на рабници, кроење на грмушки и рози и расчистување на теренот. Ангажирани се 30 работници, 3 камиони и 2 дигалки“, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Тие додаваат дека на улица „Јустинијан Први“ се завршиле две Решенија, исечени се 20 тополи (Populus) како и едно Решение во ООУ Св. „Климент Охридски“, каде се исечени 5 дрвја и се изврши кастрење на 10 дрвја во зеленилото кое го одржува претпријатието.

Од Градот Скопје појаснуваат дека активностите се реализираат со 30 работници, 3 камиони и 1 дигалка. Во склоп на акцијата до крајот на неделата ќе се изврши средување на јавните зелени површини и на улица Павел Шатев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...