недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: дрвја | 43 резултати

Емисиите на јаглерод диоксид не може да се решат само со пошумување

октомври 12, 2023

Не е точно дека во светот не се садат дрвја за да се намали емисијата на јаглерод диоксид, но таа мерка не е единствената која е доволна. Не е точно ниту дека елити создаваат природни катастрофи со цел да го контролираат населението и потоа да нудат решенија со кои им се намалуваат слободите на граѓаните. […]

Општина Центар ќе отстрани 4 дрвја за изградба на градинка во населба Пролет, но ќе насади 20 јавори

јуни 29, 2022

Општина Центар најави дека поради изградбата на детска градинка во населба Пролет, ќе наложи да се отстранат 4 дрвја за да се ослободи простор за градинката. Од општината посочуваат дека подоцна во дворот на градинката ќе пресадат 4 јасени, а на местото на отстранетите дрвја ќе засадат 20 јавори. Како што посочуваат од Општина Центар, […]

Со граѓанска наука до заштита на природата: се мапираат растителните видови кај Вевчански извори

мај 8, 2022

Еко-свест и Натура МК започнуваат со примена на граѓанска наука за да помогнат во идентификација и мапирање на растителни видови во Споменикот на природа „Вевчански извори“ и со тоа да овозможат подобар мониторинг и заштита на шумите во ова заштитено подрачје. Еко-свест и Натура МК спроведуваат обука за правилно индентификување и мапирање на видови дрвја […]

Град Скопје во акција за сечење и кастрење дрвја во Кисела Вода, жителите негодуваат [фото]

март 24, 2022

Утрово жителите на населбата Кисела Вода се разбудија од звукот на моторните пили. Качени на дигалката од камиончето, работници на ЈП „Паркови и зеленило“ беа ангажирани од Град Скопје да ги сечат и кастрат дрвјата во парковите околу станбените згради на улица Христо Татарчев. Иако имаат решение да ги сечат и кастрат дрвјата коишто се […]

Минатиот месец биле исечени рекорден број дрвја во Амазонија

февруари 13, 2022

Бројот на исечени дрвја во Амазонската дождовна шума во Бразил во јануари го надминал уништувањето на шумите во споредба со истиот месец минатата година. Обесшумената површина била пет пати поголема од онаа во 2021 година, што претставува најголема уништена површина во јануари од почетокот на евиденцијата во 2015 година, пишува „Би-би-си“. Во јануари биле обесшумени […]

Општина Охрид ќе сече цел дрворед во центарот за да проширува улица, граѓаните на протест

ноември 25, 2021

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ денеска протестираше пред општинската зграда во Охрид поради сечењето на еден од главните дрвореди во центарот на градот за да се гради новиот булевар „Македонски просветители“. Ќе се сечат вкупно 62 дрвја. „Ние сме никој и ништо, но ние сме сите, сите вие, сите ние. Доста се сечеа дрвјата во нашиот […]

Обединет Балкан за чист воздух: Утре и задутре ќе бидат засадени 400 дрвја во регионот и во Скопје

ноември 18, 2021

На 19 и 20 ноември во повеќе градови во регионот, вклучително и во Скопје, ќе бидат засадени вкупно 400 дрвја. Како и минатата година, се организира регионалната акција „Дрво на пријателството“ што ја спроведува Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ), во соработка со Мој Воздух/AirCare, во Македонија и други локални партнери во сите земји од регионот […]

Амбициозни цели се зацртуваат на КОП26 во Глазгов, но остварувањето останува под прашалник

ноември 3, 2021

Глобалната Конференција за климатските промени на ОН (КОП 26) што се одржува во Глазгов, Обединетото Кралство, досега донесе заветувања на огромен број промени за ублажување или неутрализирање на климатските промени. Сепак, заветувањата на глобалниот настан на Обединетите Нации нема да бидат задолжителни, а различните групации на „зелените“ организации и групи велат дека и предлозите не […]

Ќе требаат и до 50 години за да се обноват шумите што изгореа

август 10, 2021

Од две до пет децении се потребни за да се обноват уништените шуми и екосистеми кои настрадаа во пожарите. Штетата од беснеењето на пламените јазици на повеќе локации низ земјата од многу аспекти е немерлива. Значењето на шумите, во услови кога се справуваме со климатските промени и сите последици од нив за човекот, живиот свет […]

Општина Центар за сечата на „Орце Николов“: Отстранетите дрвја ќе бидат заменети со нови

јуни 13, 2021

Општина Центар во врска со протестот на „Зелен хуман град“ за заштита на преостанатите 10 дрвја на улицата „Орце Николов“ порача дека „останува посветена на остварување на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина, општина која треба да претставува пример за другите општини во државата“. Порачаа дека го разбираат револтот на граѓаните, но […]

Се протестираше за преостанатите 10 дрвја на улицата Орце Николов (Галерија)

јуни 13, 2021

На улицата Орце Николов во Скопје денеска со почеток во 12 часот се протестираше за спас на преостанатите 10 дрвја на улицата, кои останаа неисечени досега. Другите дрвја настрадаа при реконструкцијата на оваа улица. Организаторите, иницијативата „Зелен хуман град“ побара да престане уништувањето на градското зеленило. „Ќе запре ли некогаш, под власта на која било […]

Отворен Зелениот покрив на ГТЦ, мини-парк на 1.800 квадрати

ноември 29, 2019

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, и директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски денеска официјално го пуштија во употреба зелениот покрив на Градскиот трговски центар, каде граѓаните во текот на работното време на објектот ќе може да се релаксираат и да се забавуваат. На вкупно […]

Дрворедот на улицата „Максим Горки“ обновен со 18 јапонски цреши

ноември 18, 2019

По петочното сечење на исушените дрвја, Градот Скопје денеска засади нов дрворед од 18 висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јапонска цреша на улицата „Максим Горки“. Дрвјата се донација од вработените во локалната канцеларија на Европската банка за обнова и развој во земјава, информираат градските власти. – Во името на Град Скопје сакам да упатам благодарност […]

Од половична информација до медиумска возбуда за јапонските цреши 

ноември 15, 2019

Една  половична информација за отстранувањето на јапонските цреши на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје ги возбуди социјалните мрежи каде корисниците побрзаа да напишат дека дрвјата се сечат без никаква причина и без најава. Атмосферата дополнително се вжешти откако ваквиот наратив експресно го прифатија и повеќе портали (Дојде крајот на Јапонските цреши на Максим Горки; Општина Центар ги […]

Град Скопје: Исечени 14 суви јапонски цреши, ќе се засадат 18 нови на „Максим Горки“

ноември 15, 2019

По барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршиле сечење на 14 целосно суви јапонски цреши на едната страна на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје, информираат градските власти. Градот Скопје во понеделник на нивно место ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови дрворедот на ова улица […]

Дрвјата во Расадник родија згради (герила-акција)

ноември 12, 2019

Во интересна герила акција група граѓански активисти денеска искажаа протест против градењето без контрола во општина Кисела Вода, односно најавата за изградба на згради на просторот на Расадникот. „Дрвјата во Расадник родија згради. Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно […]

Сотировски: Не ни кажаа дека Градот нема ингеренции да ги ослободи сите заробени дрвја кога го потпишавме меморандумот

јули 10, 2019

Во јануари годинава скопскиот градоначалник Петре Шилегов и деканот на Шумарски факултет при ПМФ во Скопје, Кирил Сотировски потпишаа меморандум со кој Градот се обврзува да ослободи над 800 дрвја, заробени во бетон и асфалт низ скопските улици, а Факултетот да ја даде потребната стручна помош. Јавноста тогаш дозна дека во Скопје има стотици дрвја, […]

Граѓанска герила акција: Скопските дрвја во синџири

јуни 24, 2019

Граѓаните денеска со акција во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, ставајќи синџири и оставајќи пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1.000 дрвја на територијата на Скопје, но и низ останатите градови […]

„Вграденото“ дрво во кафулето се исуши – не се знае кој е надлежен, Градот или Центар

мај 24, 2019

Се исуши уште едно од забетонираните дрвја во градот, на улица Македонија, буквално вградено во затворената тераса на кафуле и едно од 800 евидентирани од експертите од Шумарскиот Факултет во Скопје, покажа проверката што ја направи прави тимот од оваа институција. Ова е второ дрво за кое е потврдено дека се исушило  поради тоа што му […]

Кој да ги спаси скопските „зелени фабрики за кислород“ заробени во бетон?

мај 14, 2019

Од 1.000 досега евидентирани заробени дрвја во Скопје од страна на скопскиот  Шумарски факултет, само мал дел се веќе ослободени или ќе бидат ослободени во наредниот период, пред да се исушат. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се изјасни дека Градот е надлежен за спас на само 187 дрвја кои биле на булеварите и на градските сообраќајници, […]

Страна 1 од 2