fbpx

Објавени се резултатите од меѓународниот конкурс за Расадник, се ветува дека нема бетонизација

За резултатите одлучуваше деветчлено жири во чиј состав беа меѓународни експерти од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од Архитектонскиот факултет во Скопје, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и претставници од Партиципативното тело

-

Објавени се резултатите од меѓународниот конкурс за Расадник, за идејно решение за ДУП за оваа градска четврт во Општина Кисела Вода. Два од вкупно пет пристигнати труда, освоија еднаков максимален број на поени и рамноправно го поделија првото место, како најдобар одговор на барањето на Општина Кисела Вода за обезбедување на хумано живеење во населбата Расадник.

Станува збор за проекти на проектантска куќа од Хрватска и од група архитекти од Грција за кои одлучуваше стручната меѓународна жири комисија. Третото место го освоија Team PUPA, Life over space, од Литванија, а беше откупен и труд од професори и студенти од Меѓународен Балкански Универзитет од Македонија.

За резултатите одлучуваше деветчлено жири во чиј состав беа меѓународни експерти од областа на архитектурата и урбанистичкото планирање, претставници од Архитектонскиот факултет во Скопје, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и претставници од Партиципативното тело.

Од Меѓународниот Балкански Универзитет од Македонија велат дека откупувањето на нивниот труд претставува валоризација на трудот и квалитетот на целиот тим од МБУ кој, како единствен од земјава, успеа да се најде во најтесниот избор на комисијата и тоа во конкуренција со реномирани странски проектантски куќи. Трудот на МБУ за Расадник понуди идејно решение со над 100.000 квадратни метри зелена површина за жителите од Расадник и Кисела Вода.

Aрхитектонското решение за ДУП Расадник во Општина Кисела Вода изработено од академскиот и студентскиот тим на Меѓународниот балкански универзитет / Фото: МБУ

„Ова секако е од особено значење и за студентите од Архитектонскиот факултет при МБУ во поглед на стекнување искуство бидејќи стекнатите знаења и своите идеи можеа да ги претстават уште во студентски денови на меѓународен конкурс“, велат од универзитетот.

Конкурсот за Расадник беше распишан во јули со цел да донесе иновативни решенија кои ќе обезбедат квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода.

Претходно, во овој дел предвидена беше изградба на стотина згради.

„Често пати го добивам прашањето дали по овој конкурс Расадник навистина ќе биде заштитен од бетонизација односно дали избраното решение навистина ќе оневзможи изградба на стотици згради. Веднаш ќе ви одговорам со ДА. Предлог планот за Расадник од 2020 година на претходната општинска гарнитура во делот кој денес е зелена површина односно неизградениот дел од Расадникот предвидуваше 99 згради и скоро 1 милион м2 станбена површина додека за градежни парцели со намена зеленило имаше површина од околу 10,000 м2. Сите пристигнати трудови од меѓународниот конкурс, сите денес изложени решенија, како што може и сами да видите, имаат над 100.000 м2 зелена површина односно Кисела вода и Скопје добиваат нов Градски парк со површина од над 100.000 м2, што е за 10 пати поголема зелена површина од предложениот Урбанистички план во 2020 година“, рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...