fbpx

Ѓорѓиевски: Два пати годишно ја чистевме депонијата во Расадник, граѓаните повторно ја создаваат

Ѓорѓиевски, заедно со комуналните служби денеска дошол на лице место и во текот на денот отпадот беше расчистуван, откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од расфрлено ѓубре во тој реон

-

Дивата депонија во Расадник, Кисела Вода, два пати е темелно исчистена во текот на изминатата година и повторно е создадена од несовесни граѓани, па затоа силно апелирам да покажеме колективна свест и грижа за животната средина во која живееме, напиша на својот профил на Фејсбук Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода.

Изјавата следува откако на социјалните мрежи беа споделени фотографии од неколку мали диви депонии во овој дел од Кисела Вода – ткаенини, стар мебел, градежен отпад, сунгери беа само дел од работите кои беа расфрлани низ расадникот.

[Галерија] Расадникот во Кисела Вода претворен во нова дива депонија

Ѓорѓиевски, заедно со комуналните служби дошол на лице место и во текот на денот отпадот беше расчистуван.

Фото: Општина Кисела Вода

„Расадник е исклучително важна точка за Скопје, трета зелена површина на која се одгледуваат автохтони сорти на овошја и затоа во никој случај не смее да биде загаден. Не смееме да дозволиме ниту една педа во Кисела Вода да стане црна точка, бидејќи загадувањето носи последици по здравјето за сите, па и за оние кои загадуваат. Никој не е поштеден“, напиша Ѓорѓиевски, апелирајќи на одговорност кон општината и кон здравјето.

Фото: Општина Кисела Вода

Во расадникот има огромен простор од неизградено земјиште, а од Општина Кисела Вода неодамна посочија дека во локалниот буџет за 2023 година предвидени се средства за изработка на Детален урбанистички план за оваа локација и дека и веднаш по изборот на идејното решение на меѓународниот конкурс ќе се пристапи кон спроведување на тендерска постапка за избор на изведувач за изработка на ДУП-от за „Расадник“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...