Фото: Clark Van Der Beken on Unsplash

Во сообраќајната несреќа која синоќа се случи на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“, загинале две лица а седуммина се повредени.

МВР информира дека станува збор за „фолксваген пасат“ управуван од Р.А.(50) од Студеничани,  „мерцедес“  управуван од Х.С.(28) од Скопје, „фолксваген шаран“  управуван од З.И.(30) од с.Студеничани,  „хјундаи аксент“ управуван од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје.

На самото место на несреќата починале 28-годишниот Х.С. и 50-годишниот Р.А. од Студеничани. По укажаната лекарска помош 25-годишниот О.А. од Батинци бил задржан во полициска станица.