fbpx

Ковачевски во Охрид ги пречека Борел и Лајчак: Северна Македонија е фактор на стабилност, местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ

-

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид, ги пречека Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Ковачевски е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина на кој ќе учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, под покровителство на Европската Унија.

На средбата присутните ја истакнаа взамената заложба за решавање на сите отворени прашања по пат на дијалог, за што Северна Македонија е одличен пример. Сите досегашни преземени чекори и разрешени прашања по пат на отворен дијалог, обезбедија пред сѐ безбедност и континуиран развој, а Северна Македонија од заробена и изолирана држава денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи, земја со обезбедени услови за напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните.

Премиерот Димитар Ковачевски, високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот претставник Лајчак, се согласија дека местото на Западен Балкан е во Европската Унија особено во услови на геополитички превирања, длабока поделеност на светот и воена агресија на европскиот континент. Во тој контекст изразија задоволство од отвореноста на Србија и Косово по пат на дијалог да ги решаваат отворените прашања во име на подобра иднина за целиот Западен Балкан, каде конфликтите и несогласувањата треба да се остават за минатото време.

Ескобар оптимист пред охридската средба, Вјоса Османи очекува резултати

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...