fbpx

Груевски: Изборот на нов директор на УЈП е законска постапка

-

Премиерот Никола Груевски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека изборот на нов директор на Управата за јавни приходи (УЈП) е законска постапка, бидејќи мандатот на актуелниот прв човек на Управата, Горан Трајковски, му завршува на 17 август, пренесува „МКД.мк“.

„Можам да кажам дека има повеќе огласи, освен, да речеме, за директор на УЈП, кому му завршува мандатот на 17 август и нормално е, во согласност со законите, да се објави оглас, бидејќи не постои поинаков начин да се назначи директор. За разлика од него, претседателот на Инспекцискиот совет, Ванчо Каргов, замина на нова должност во дипломатијата. За двете позиции течат роковите, ги покануваме сите што имаат квалификации, искуство и знаење и кои се чувствуваат дека имаат доволен капацитет да водат вакви институции, да се пријават на конкурсите“, рече Груевски.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска за „Мета“ изјави дека смената на директорот на УЈП, Горан Трајковски, не е договорена со СДСМ.

– Не е разговарано на таа тема. Можно е да му истекува мандатот. Не сме изменаџирале ништо во таа смисла – изјави Шилегов.

Инаку, Управата за јавни приходи беше спомната во извештајот на Рајнхард Прибе, како област за која има силни критики и за која, власта заедно со опозицијата треба да договори ослободување.

Порталот „МКД.мк“ потсетува дека УЈП пред две недели остана и без заминик-директор, откако вториот човек на Управата, Аргетим Асани, беше застрелан пред хотелот „Дрим“ во Струга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...