fbpx

МЕПСО го стави под напон новиот 110-киловолтен далекувод помеѓу Скопје и Тетово

МЕПСО го изгради и денеска го стави под напон, во пробна работа, новиот 110-киловолтен далекувод што ги поврзува трансформаторските станици Скопје 1 - Југохром -Теарце - Тетово 1. Oвој проект ќе овозможи стабилно и доверливо снабдување со електрична енергија на Тетовскиот и на Скопскиот Регион, две...

Сорос предвидува дека Брексит ќе ја турне економијата во криза како во 2008 година

Одлуката Велика Британија да ја напушти Европската Унија предизвика криза на финансиските пазари слична на глобалната финансиска криза од 2007 и од 2008 година, изјави денеска американскиот милијардер Џорџ Сорос, во обраќањето во Европскиот парламент во Брисел. - Кризата се случува забавено, но Брексит ќе...

Попладне ќе се знае новата цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РЕК) денеска ќе ја соопшти новата цена на струјата. Регулаторите не можат да кажат кои и какви трошоци ќе имаат влијание врз цената, но сето тоа било во согласност со методологијата за пресметка. Оттаму велат дека секоја од компаниите има различни трошоци,...

Брисел по Брексит би можел да притиска за воведување на еврото во цела ЕУ

Осум земји членки на Европската Унија кои не го користат еврото како официјално средство за плаќање, поради Брексит, ќе мора веднаш да ја воведат заедничката европска валута, пишува весникот „Дејли експрес“. Весникот наведува дека Данска, Шведска, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска и Романија би можеле...

Завршната сметка за буџетот за 2015 година пред Комисијата за финансирање и буџет

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година, пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари. Со завршната сметка за 2015...

Ќе има второ намалување на цените на роамингот во регионот

Од 1 јули стапува на сила второто по ред намалување на цените на роамингот со операторите во регионот, договорено е на 4. Меѓународна регулаторна конференција во Охрид. Домаќин на конференцијата во Охрид е македонската Агенција за електронски комуникации, а учествуваат претставници од регулаторните тела за...

Бројот на работници во индустријата до мај поголем за 1,4 отсто во однос на лани

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари - мај 2016 година, во однос на истиот период лани, е поголем за 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2016 година, во однос на истиот...

Грчката компанија „Маринопулос-Карфур“ пред банкрот

Грчкиот бизнис-гигант и синџир маркети „Маринопулос-Карфур“ е на еден чекор пред банкрот. Компанијата поднесе барање да биде заштитена и консолидирана од нејзините кредитори, кое ќе се разгледува в петок. Доколку барањето биде одбиено, „Маринопулос“ ќе биде принудена да поднесе банкрот, со тоа ставајќи ги во неизвесност...

Цената на пченицата да не биде повисока од осум денари, бараат мелничарите

Цената на годинешната пченица да не биде повисока од осум денари по килограм, бара групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија. - Моменталните проблеми со кои се соочуваат компаниите се резултат на договорените цени и на несоодветните решенија во изминатиот период. Единствен критериум,...

Агенциите го намалија кредитниот рејтинг на Велика Британија

Агенцијата „Стандард и Пурс“ го намали највисокиот кредитен рејтинг ААА на Велика Британија за две нивоа, на АА, и предупреди на можно понатамошно намалување. „Фич“, пак, го намали рејтингот на Велика Британија за едно ниво, од АА+ на АА, со можност за понатамошно намалување. Според анализата на...

„Газпром“ ќе го одмрзне „Јужен тек“ ако политичкиот амбиент се промени

Руската гасна компанија „Газпром“ би можела веднаш да го одмрзне проектот „Јужен тек“ ако политичкиот амбиент се промени, изјави денеска заменик-претседателот на управнот одбор на „Газпром“, Андреј Круглов. Круглов наведе дека проектот „Турски тек“ е подготвен за привлекување на проектно финансирање, пренесува руската агенција ТАСС. Тој...

Министерот Дритон Кучи се сретна со директорот на УСАИД, Џејмс Стајн

Mинистерот за економија, Дритон Кучи, денеска се сретна со директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн. На средбата, која се одржала на барање на Стајн, се разговарало за досегашната успешна соработка што УСАИД ја има со Министерството за економија. Министерот Кучи ја потврдил својата безрезервна поддршка за...

Драги: Потребна е подобра координација на централните банки во светот

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, денеска апелираше на подобра координација меѓу водечките централни банки во светот за подобро соочување со предизвиците на денешната глобална економија. Ова Драги го истакнал на специјалниот форум во организација на ЕЦБ во лускузното одморалиште Синтра во Португалија. Претседателот на...

Цените на индустриските производи повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво

Продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар во мај се повисоки за 0,8 отсто на месечно ниво, односно за 0,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во мај, во однос на истиот месец лани, продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки...

Поголеми даноци за Британците како последица од Брексит

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска изјави дека Велика Британија ќе мора да ги зголеми даноците и да ја намали јавната потрошувачка за да одговори на новите економски предизвици откако граѓаните донесоа одлука за напуштање на ЕУ. Тој изјави дека на Велика Британија по...

Министерство за финансии: Буџетот на ДИК е намален бидејќи нема датум за избори

Намалувањето на буџетот на ДИК е затоа што засега нема предвидено датум за одржување избори, велат од Министерството за финансии по информациите дека со ребалансот на буџетот парите со кои располага Државната изборна комисија се намалуваат за 400 милиони денари. Од повеќе од 531 милион денари на почетокот на годината, сега...

Лондон бара поголема автономија заради економска сигурност

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, денеска побара поголема автономија за овој град за да може да ја надмине економската неизвесност по гласањето на референдумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија. Првиот човек на британската претстолнина изјавил дека поголемата автономија е потребна за да...

Цигарите ќе поскапат за три денари од 1 јули

Цигарите ќе поскапат за три денари од први јули, како резултат на зголемување на акцизата за три денари по кутија. Зголемување на цената на цигарите последен пат беше направенo во февруари годинава, кога цигарите поскапеа за пет денари. Ова поскапување од први јули е за последен...

„Фолксваген“ на Американците ќе им исплати 14,7 милијарди долари отштета

Германската компанија „Фолксваген“ постигна договор за исплата на 14,7 милијарди долари отштета на сопствениците на автомобили во САД, бидејќи призна дека користела софтвер за лажирање на контролата на издувните гасови. „Фолксваген“ се согласил да ги поправи или да ги откупи автомобилите во кои е вграден...

Евростат: Цената на струјата во Македонија за 55 отсто поевтина од европската

Според статистичката служба на Европската Унија, Евростат, анализите за земјите кои не се членки на ЕУ, покажуваат дека во Македонија цената на струјата е за 55 отсто поевтина отколку во европските земји, а во Србија за 47 отсто. Просечната цена на струјата во земјите од...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...