Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска изјави дека Велика Британија ќе мора да ги зголеми даноците и да ја намали јавната потрошувачка за да одговори на новите економски предизвици откако граѓаните донесоа одлука за напуштање на ЕУ.

Тој изјави дека на Велика Британија по Брексит нема да ѝ „цветаат рози“ надвор од ЕУ и дека е клучно да се обезбеди финансиска стабилност на земјата и да им се покаже на граѓаните и на светот дека британската влада може да живее во границите на своите можности.

Пазарот, како што наведе Озборн, ќе се движи горе-долу, а Велика Британија ќе биде во период на пролонгирано економско прилагодување.