fbpx

Министерот Дритон Кучи се сретна со директорот на УСАИД, Џејмс Стајн

-

Mинистерот за економија, Дритон Кучи, денеска се сретна со директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн.

На средбата, која се одржала на барање на Стајн, се разговарало за досегашната успешна соработка што УСАИД ја има со Министерството за економија.

Министерот Кучи ја потврдил својата безрезервна поддршка за продолжување на соработката во иднина и му се заблагодарил на директорот Стајн за поддршката што владата на САД и пријателскиот американски народ ја даваат на Министерството за економија и на нашата земја од 1991 година.

Кучи и Стајн се согласиле досегашната успешна соработка меѓу Министерството за економија и УСАИД да продолжи со реализација на повеќе проекти во корист на компаниите и на граѓаните во областа на енергетиката, туризмот и олеснување на трговијата.

Министерот Кучи, за време на средбата ја искористил можноста на Стајн да му го честита Денот на независноста на САД, 4 јули, кога ќе се одбележи 240-годишнината од независноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...