Манчевски со Оер: Исполнувањето на условите за избори е решение за кризата

-

Исполнувањето на условите за фер и демократски избори е клучно за решавање на политичката криза, преку прочистување на избирачкиот список и реформа во медиумите, истакнал потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на денешната средба со амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, претставникот на дирекцијата за стратешки прашања при француското министерство за одбрана, Рено Дорлиак, и со потполковник Александер Ноел, аташе за одбрана.

Манчевски на средбата истакнал дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од фер и демократски избори бидејќи знаат дека на тие избори тие ќе изгубат.

Тој, исто така, додал дека неопходно е Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство за непречено и независно функционирање на институциите во Македонија, како и за владеење на правото, во интерес на граѓаните.

„Потпретседателот Манчевски и амбасадорката Оер заеднички констатираа дека мора да се исполнат овие услови за да се обезбедат фер, регуларни и демократски избори, на кои вистинската волја на граѓаните ќе биде испочитувана во целост“, стои во соопштението на СДСМ за средбата, на која станало збор и за претстојниот самит на НАТО во Варшава и за предизвиците со кои се соочува Алијансата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци

Со одлука на Уставниот суд беа укинати делови од Законот за средното образование, во кој беше повреден принципот на еднаквост, при што се правеше разлика меѓу средношколците од јавното...