недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Дритон Кучи | 17 резултати

Кучи – Тимоние: Има потенцијал за инвестиции од француски компании

октомври 6, 2016

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние. Кучи и Тимоние ја оцениле економската соработка меѓу Македонија и Франција како успешна, со голем потенцијал за нејзино продлабочување во сферата на нови инвестиции од француски компании, нивни ангажман во изградба на енергетските капацитети, како и зголемување на […]

Азески: Сè додека има мито и корупција, нема олеснување на трговијата

октомври 6, 2016

„Олеснување на трговијата нема да има сè додека не се елиминираат митото и корупцијата. Институциите мора да се заложат за откривање на причините на ваквата појава и за нејзино целосно искоренување“, истакна претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, на регионалната конференција „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“, која денеска се одржа во Скопје. Во таа […]

Министерот Кучи учествува на Стратешки форум во Блед

септември 6, 2016

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска учествува на Стратешки форум, кој се одржува во Блед, Словенија. Форумот оваа година е под мотото „Зачувување на иднината“, а министерот Кучи се обрати на панел-дискусијата за туризам, на тема „Одржливост и безбедност во туризмот“. – Туризмот претставува стратешка развојна дејност, која треба да биде иницијатор за развојот на […]

Унгарска државна компанија заинтересирана за изградба на „Рајска градина“

август 22, 2016

Голема унгарска државна компанија била заинтересирана да ги изгради далеководот Битола-Елбасан, како и проектот „Рајска градина“ во Скопје, информирал новиот амбасадор на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс, на денешната средба со министерот за економија Дритон Кучи. Дукс најавил и пуштање на директна авионска линија Будимпешта – Скопје – Будимпешта, преку нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Македонија […]

Кучи: Примена на швајцарски искуства за развој на туризмот во Македонија

август 19, 2016

Искористување на туристичкиот потенцијал на Македонија преку примена на швајцарска експертиза во областа на туризмот, најави министерот за економија Дритон Кучи, по потпишувањето на меморандумот за разбирање и соработка во областа на туризмот, со директорката на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Розанди Лоу. Со потпишувањето на овој меморандум, Македонија ќе добие поддршка […]

Македонија и Косово ќе ја подобруваат трговската размена

август 16, 2016

Министерот за економија, Дритон Кучи денеска оствари билатерална средба со косовската министерка за трговија и индустрија, Хикмете Бајрами. Тие оцениле дека постоечките билатерални односи се добра основа за натамошно надградување и унапредување на соработката. Косовската министерка за трговија и индустрија рече дека меѓу Косово и Македонија има одлична трговска соработка, но додаде дека се уште […]

Министерот Дритон Кучи се сретна со директорот на УСАИД, Џејмс Стајн

јуни 28, 2016

Mинистерот за економија, Дритон Кучи, денеска се сретна со директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн. На средбата, која се одржала на барање на Стајн, се разговарало за досегашната успешна соработка што УСАИД ја има со Министерството за економија. Министерот Кучи ја потврдил својата безрезервна поддршка за продолжување на соработката во иднина и му се заблагодарил […]

Кучи на конференција за економска соработка меѓу земјите што немаат излез на море

јуни 23, 2016

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска и утре престојува во Женева, каде учествува на Петтата седница на министрите за трговија на земјите во развој без излез на море. Настанот се организира по повод новата Спогодба за олеснување на трговијата на Светска трговска организација (СТО), а меѓународните организации ќе понудат концепт на соработка со овие земји. – […]

Министерот за економија Кучи се сретна со кинескиот амбасадор Женшун

јуни 13, 2016

Министерот за економија, Дритон Кучи, остварил работна средба со aмбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Вен Женшун, при што разговарале за економската соработка меѓу двете земји. – На состанокот се зборуваше за досегашните реализирани проекти во областа на енергетиката, како што беше изградбата на електраната Козјак, а од кинеска страна се нагласи интересот на […]

Кучи: Македонија да биде приклучена на регионалната гасна мрежа

јуни 9, 2016

Секој можен приклучок на државата на гасната инфраструктура значи подобрување на стандардот на граѓаните, имајќи предвид дека гасот е најевтин енергент. Oвa го истакна министерот за економија, Дритон Кучи, на 14. Годишна конференција за гасно поврзување, која се одржува во Софија. – За обезбедување на предвидените количества природен гас во наредниот период, во тек се активности […]

Потребно е инфраструктурно поврзување за да се зголеми трговската размена со Бугарија

јуни 2, 2016

Потребна е изградба на нов автопат, односно инфраструктурно поврзување со Бугарија, за да се зголеми трговската размена со оваа соседна земја. Ова било заклучено на денешната средба меѓу министерот за економија, Дритон Кучи, и претседателот на Македонско-бугараската стопанска комора, Зоре Темелковски. – Македонија и Бугарија негуваат пријателски односи, а на економски план се бележи континуирано […]

Кучи: Политичката криза да се надмине за да не трпи економијата

мај 31, 2016

Ако се земе предвид времетраењето на политичката криза во која се наоѓа Македонија и на тоа се додаде влијанието на остатоците од глобалната светска криза, но и мигрантската криза со која се соочува Европа, перформансите на домашната економија ќе претрпат удар. Неизвесноста кај деловните субјекти, и домашни и странски, влијае врз донесувањето одлуки за инвестиции, […]

Шест компании сертифицирани според Халал-стандард

април 12, 2016

На шесте компании, „Анета компани“, „Шест браќа“, „ХИТ 73“, „Витаминка“, „Алкалоид“ и „Виапром“, кои во текот на првиот квартал од 2016 година воведоа Халал-стандард, денеска на свечена церемонија им беа доделени сертификатите од Агенцијата за Халал-стандард во Македонија, која работи во рамки на ИВЗ. Министерот за економија, Дритон Кучи, на средбата по повод доделувањето на […]

Страна 1 од 1