fbpx

„Фолксваген“ на Американците ќе им исплати 14,7 милијарди долари отштета

-

Германската компанија „Фолксваген“ постигна договор за исплата на 14,7 милијарди долари отштета на сопствениците на автомобили во САД, бидејќи призна дека користела софтвер за лажирање на контролата на издувните гасови.

„Фолксваген“ се согласил да ги поправи или да ги откупи автомобилите во кои е вграден спорниот софтвер и на секој сопственик да му исплати до 10.000 долари.

Договорот предвидува и уплата на 2,7 милијради долари во фондовите за заштита на животната средина и уште две милијарди за истражување на зелена технологија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Санела Шкријељ: Жените се многу поодговорни како лидерки и помалку подложни на корупција

Пратеничката во македонското собрание Санела Шкријељ на третиот модул „Управување со време и приоритети“ од Програмата „Future is Feminist“ што викендов се одржа во Охрид потенцираше дека најважната работа...