fbpx

ЕДС со најголем процент во снабдување на слободниот пазар со електрична енергија

Според анализата на МЕПСО за функционирањето на пазарот на електрична енергија во 2015 година, „Енерџи деливери солушн“ (ЕДС) има најголем процент на предадена електрична енергија кон потрошувачи во период од јануари до август тековната година. Во својот осврт, македонскиот електропреносен систем-оператор ги има земено предвид...

Невработеноста се намали на 25,5 проценти

Во третиот квартал од 2015 година, невработеноста опадна на 25,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Тоа претставува намалување од 1,3 проценти во однос на вториот квартал, кога невработеноста изнесуваше 26,8 проценти. Активното население во Македонија брои 954.610 лица, од кои вработени се 711.380, а 243.230 лица...

Издадени 326 одобренија за градба, што е за 35,3 проценти повеќе од лани

Во октомври се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.050.934.000 денари, што е за 52,9 проценти повеќе во...

Потрошувачката на енергија за 2016 година ќе се зголеми за 4 проценти во однос на годинава

Потрошувачката на енергија догодина ќе се зголеми за 4 проценти во однос на оваа година. Ова беше истакнато на денешната седница на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија, на која се разгледуваше енергетскиот предлог-биланс за 2016 година. - Во поглед на потрошувачката на...

Незири: Со поддршката од ЕБОР, македонскиот и албанскиот пазар на електрична енергија ќе имаат огромна добивка

Министерството за економија потпиша договор за заем со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на 400-киловолтен интерконективен далекувод Битола - Елбасан. - Со изградбата на овој далекувод, добивка ќе има како за македонскиот, така и за албанскиот пазар на електрична енергија, имајќи предвид...

„Чех ерлајнс“ ќе лета Скопје – Прага од 20 мај 2016 година

„Чех ерлајнс“ (CSA) ќе почне со летови на линијата Скопје - Прага од 20 мај 2016 година и ќе лета двапати неделно кон аеродромот „Александар Велики“. Редот на летање е направен да одговара на македонските деловни и туристички патници кои патуваат во Прага, односно Чешка. - Авиокомпанијата...

Се зголемува капитацискиот бод за стоматолозите од 35 на 40 денари

Фондот за здравство ќе го зголеми капитацискиот бод за стоматолозите од 35 на 40 денари, односно за 14 проценти, од 1 јануари 2016 година. Средствата се обезбедени од буџетот на Фондот за 2016 година, а фискалната импликација во делот на зголемување на капитацијата за стоматолози ќе...

Организацијата на работодавци одбележа една деценија постоење

Водечката организација што ги застапува интересите на работодавците и се грижи за нивните права и слободи во економската и во социјалната сфера во земјата, одбележа една деценија од своето основање. - Како најголема и единствена репрезентативна организација на работодавци во земјава, Организацијата на работодавци на Македонија, како...

Израелски компании заинтересирани за инвестиции во земјоделството

Премиерот Никола Груевски и министрите Никола Попоски и Џери Наумоф, кои се во посета на Израел, учествувале и се обратиле на бизнис-форум во Ерусалим. На форумот имало претставници на израелски компании од областа на земјоделството, енергетиката, туризмот и од областа на медицината. Владината делегација ги презентирала...

Ниското ниво на конкуренција, обележје на тендерите во првата половина од годинава

Ниското ниво на конкуренција, со што се доведува во прашање ефективноста во трошењето на јавните пари, останува обележје на тендерите и во првата половина од 2015 година. Советот за јавни набавки, основан за да ја зголеми конкуренцијата, досега не даде резултати. Ова е дел од...

Граѓаните да не плаќаат ДДВ на сумата што ја донираат преку мобилен телефон

Граѓните да не плаќаат ДДВ на сумата што ја донираат во хуманитарни цели преку специјален број од мобилните оператори. Ова го предвидуваат последните измени и дополнувања на Законот за додадена вредност доставени до Собранието, а предлагач е Министерството за финансии. - Цените на услуги од телекомуникациски оператор...

Просечната цена на тутунот достигна 177 денари

Просечната цена на тутнот изнесува 177 денари за еден килограм и откупот се одвива во најдобар ред. Ова денеска го истакна заменик-министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски, по денешната посета на откупните пунктови на „Сокотаб“ и на Тутунскиот комбинат во Прилеп. - Уште еднаш ги повикуваме откупувачите реално...

Најавени нови фабрики во индустриската зона во Тетово

Потпишани се договори со четири странски компании што ќе градат во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. Ова денеска го најавија од норвешката компанија „Норман инвестмен груп“, која стопанисува со зоната. Оттаму уверуваат дека фабриките ќе се изградат затоа што процедурата за добивање дозвола за градба е олеснета,...

Петер: Ако некој реши да инвестира, изборите и кризата нема да го премислат

„Наивно е да веруваме дека политиката не влијае врз странските инвеститори, но мислам дека ако некој реши да инвестира во земјава, нема да се премисли“, одговори претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, на новинарско прашање за тоа како изборите и политичката криза влијаат врз инвеститорите. Тој...

Почна откупот на тутунот

Големите компании почнаа со откуп на годинешната реколта на тутун, која изнесува 20.000 тони и е помала од ланската. Заради квалитетот, тутунарите очекуваат солидна откупна цена. Од денеска тутунот се откупува во компаниите „Алијанса“ од Кавадарци и „Струмица табак“, а до понеделник сите девет откупувачи ќе го...

Советот на странски инвеститори ќе ги претстави проекциите за економија

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ќе ги презентира последните извештаи за економските резултати и проекции за развој на македонската економија од претставниците од странските институции во земјава. Ќе зборуваат претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, претставникот на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје,...

Почна со производство фабриката „АРЦ Аутомотив Македонија“

Фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња „АРЦ Аутомотив Македонија“ денеска почна со работа во технолошко-индустриската развојна зона во Бунарџик. Инвестицијата изнесува 18 милиони долари, а инвеститор е американската компанија од автомобилската индустрија „Кап-кон аутомотив технолоџис“. Во новата фабрика се отворени 75 работни места, а...

20,5 милиони евра за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција

Објавен е првиот повик за проектни предлози од ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Македонија за периодот 2014-2020 и ќе бидат достапни околу 20,5 милиони евра. - Со оваа програма предвидено е да се финансираат проекти во висина од 45,47 милиони евра, кои ќе...

Намалена продажбата на тетовското јаболко

Производителите на јаболка во Tетовско велат дека годинава е намалена продажбата на нивниот производ. Се нудат јаболка и по цена од 10 денари, но ретко кој купува. - Годинава можам да кажам дека продажбата е најмала. Порано доаѓаа од околните села и купуваа јаболка, но сега...

„Мајкрософт Македонија“ и „ТДК компјутери“ потпишаа договор за дистрибуција

„Мајкрософт Македонија“ и компанијата „ТДК компјутери“ потпишаа договор за дистрибуција и тоа во делот на количинско лиценцирање (Volume Licensing ). „Микрософт Македонија“ на почетокот на годината почна комплексна формална процедура за анализа и за ревизија на партнерската мрежа во Македонија, што резултираше со избор на „ТДК...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...