fbpx

Петер: Ако некој реши да инвестира, изборите и кризата нема да го премислат

-

„Наивно е да веруваме дека политиката не влијае врз странските инвеститори, но мислам дека ако некој реши да инвестира во земјава, нема да се премисли“, одговори претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, на новинарско прашање за тоа како изборите и политичката криза влијаат врз инвеститорите.

Тој оцени дека постојат подобрувања во економијата, но потсети дека во тек е светска глобална криза, а Македонија е на вистински пат.

Во однос на платите на вработените кај странските инвеститори, тој изјави дека тие ќе излезат со поконкретни предлози за 2016 година.

– Ја посетив компанија „Ван Хул“ и оттаму ме информираа дека исплаќаат плати повисоки од просекот. Но, на дополнителна прес-конференција ќе ги презентираме нашите предлози – истакна Петер.

Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје, Патрик Житон, истакна дека во однос на пролетните проекции има забавување на порастот на економијата поради политичката, бегалската криза и случувањата во Грција.

– Македонија може да воведе фискални цели на среден рок. Структурата на буџетот треба да биде погодна за продуктивни трошоци, како за инфраструктурата и за здравството – истакна Житон.

Претставникот од канцеларијата на Светската банка во Скопје, Бојан Шимбов, потсети на извештајот на Светска банка кој се однесува на Македонија, а веќе беше презентиран, во кој е посочено дека невработеноста на младите останува главен проблем.

Тој ја истакна важноста од регионално инфраструктурно поврзување во насока на зголемен економски пораст и на отворање нови работни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...