fbpx

Незири: Со поддршката од ЕБОР, македонскиот и албанскиот пазар на електрична енергија ќе имаат огромна добивка

-

Министерството за економија потпиша договор за заем со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на 400-киловолтен интерконективен далекувод Битола – Елбасан.

– Со изградбата на овој далекувод, добивка ќе има како за македонскиот, така и за албанскиот пазар на електрична енергија, имајќи предвид дека базната електрична енергија во Македонија доаѓа од термоелектраните, а во Албанија од хидроелектраните – истакна Незири.

Тој додаде дека ќе се избегне преоптоварувањето на одредени далекуводи, но и ќе се зголемат тековите на електрична енергија, што придонесува за развој на регионалниот пазар на електрична енергија.

Евроамбасадорот Аиво Орав истакна дека енергијата е стратегиски сектор во секоја земја, витална за сите аспекти на секојдневното живеење на луѓето и за развој на сите други сектори на економијата, при што Европската унија обезбедува значајна поддршка преку програмата на ИПА и преку Инвестициската програма за Западен Балкан.

ЕБОР ја подржува регионалната интеграција на пазарите на енергија на Западен Балкан. Банката обезбедува кредит до 37 милиони евра за изградба на првата интерконекција на електрична енергија помеѓу Македонија и Албанија и воведува подобрување на ефикасноста на мрежата на инфраструктурата на МЕПСО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...