fbpx
Таг: технолошки компании

таг: технолошки компании

„Амазон“ ќе отпушти 18.000 работници во обид да заштеди на трошоците

„Амазон“ планира да укине повеќе од 18.000 работни места, што ќе претставува најголемо отпуштање во историјата на компанијата, борејќи се да заштеди на трошоците. Отпуштањата веќе се во тек, а според меморандумот на извршниот директор Енди Џеси, повеќето од работните места што ќе бидат скратени се во продавниците на „Амазон“ и во одделите за човечки ресурси, искуство и технологија, јавува...

Раководството на Гугл го вклучи алармот поради растечката популарност на четботот ChatGPT

Појавувањето на новиот експериментален четбот наречен „ChatGPT“ доведе до прогласување на „црвен код“ меѓу раководството на Гугл. Њујорк тајмс пишува дека постои страв оти Гугл можеби се приближува до моментот од кој се плашат најголемите тимови од Силиконската долина – доаѓањето на огромна технолошка промена што може да го наруши бизнисот. Новиот четбот ChatGPT нуди информации во јасни и едноставни...

Илон Маск: Само верификувани сметки ќе може да гласаат на анкетите за политиките на Твитер

Сопственикот на Твитер, Илон Маск се обрати за првпат на социјалната мрежа откако повеќе од 10 милиони корисници гласаа за тој да се повлече од местото извршен директор на компанијата. Во твитот, Маск напиша дека само претплатените корисници на „Твитер Блу“ функцијата ќе можат да гласаат на идните анкети кои се однесуваат на политиките на компанијата, пренесува Гардијан. Во неделата...

Илон Маск преку анкета на Твитер праша дали треба да се повлече од местото извршен директор

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, побара од корисниците на оваа платформа да гласаат за неговата иднина како извршен директор на компанијата за социјални мрежи. Во анкетата што ја објави, Маск праша дали треба да се повлече од функцијата шеф на Твитер, додавајќи дека ќе се придржува до резултатите. https://twitter.com/elonmusk/status/1604617643973124097?s=20&t=1fyBYPURZ-kMeL2Q7HnbQw Би-Би-Си пишува дека до утрово на анкетата гласале повеќе од 13 милиони...

ЕУ предупреди на санкции откако Твитер суспендираше налози на новинари

Ненадејната одлука на Илон Маск да суспендира налози на истакнати новинари на Твитер предизвика жестока реакција во Европа. Германија предупреди на влијанието врз слободата на печатот, додека висок претставник на Европската унија (ЕУ) рече дека Твитер мора да се услогласи со правилата на блокот или да се соочи со можни санкции, јавува Си-Ен-Ен. „Слободата на печатот не може да се...

Сенатот во САД гласаше за забрана на ТикТок на уредите во државна сопственост

Американскиот Сенат вчера усвои предлог-закон со кој на вработени во федерални служби им се забранува на уредите во државна сопственост да ја користат апликацијата за видеа ТикТок, чиј сопственик е кинеската „Бајт Денс“, јави Гардијан. Пред да се најде на маса кај претседателот Џо Бајден, предлог-законот мора да биде одобрен од Претставничкиот дом на САД, на седница која се очекува...

Твитер со недели не плаќала кирии и сметки по преземањето од Илон Маск

Во текот на изминатите две недели, Илон Маск направил промени во правниот оддел на Твитер, го распуштил советот што ја советуваше компанијата за безебедносни прашања и продолжил со преземањето драстични чекори за намалување на трошоците, јави Њујорк Тајмс. За да ги намали трошоците, Твитер со недели не плаќала кирија за седиштето во Сан Франциско ниту пак за која било од...

„Мета“ доби тужба од 2 милијарди долари поради насилство во Етиопија

Алгоритмот на Фејсбук помогнал да се поттикне ширење на омраза и насилство за време на граѓанската војна во Етиопија, се тврди во правен случај, пренесе Би-Би-Си. Оштетените бараат 2 милијарди американски долари за жртвите на омразата на Фејсбук, но и промени во алгоритмот на самата платформа. Од „Мета“ велат дека инвестираат многу во модерирањето на содржините и технологијата со цел да...

Платениот син беџ на Твитер е вратен во функција

Платената верификација на Твитер е повторно ставена во функција откако минатиот месец беше паузирана поради појавата на имитаторите. Верификацијата и понатаму чини 8 американски долари месечно, додека корисниците на Твитер кои користат уреди на „Епл“ ќе треба да платат повисока цена од 11 долари, пренесе Би-би-си. Сопственикот на Твитер, Илон Маск, претходно во низа твитови изрази негодување поради провизијата што „Епл“...

Отпуштените од персоналот за хигиена во Твитер биле „третирани како ѓубре“

Во разговор со Би-Би-Си, четворица чистачи кои работеле во седиштето на Твитер во Сан Франциско велат дека биле отпушени без отпремнина од компанијата. Според еден од нив, член на тимот на Илон Маск, извршниот директор на Твитер, рекол дека нивните досегашни работни места ќе бидат заменети од роботи. Сенатор од сојузната држава Калифорнија во САД изјави дека Илон Маск поранешните...

„Мета“ се закани дека ќе ги отстрани вестите на Фејсбук во САД доколку помине новиот закон

Компанијата „Мета“ на Марк Закерберг се закани дека ќе ги отстрани вестите од Фејсбук во САД, противејќи се на новиот закон кој треба да им даде поголема моќ на новинските организации да преговараат за надоместоците за содржината што се споделува на оваа социјална мрежа, јавува Би-Би-Си. Сличен закон во Австралија неодамна доведе до тоа вестите на Фејсбук во оваа земја...

Твитер под раководство на Маск ја прекина политиката за дезинформации за ковид-19

Твитер соопшти дека повеќе нема да ја спроведува својата политика против дезинформации поврзани со ковид-19, предизвикувајќи загриженост меѓу здравствените експерти дека промената би можела да има сериозни последици доколку ја обесхрабри вакцинацијата и другите напори за борба против вирусот кој сè уште се шири. Според интернет-страницата на компанијата, Твитер престанала да презема мерки против твитовите кои ги прекршуваат нејзините ковид-правила...

Компанијата „Мета“ казнета со 265 милиони евра

Компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, доби казна од 265 милиони евра од страна на Комисијата за заштита на податоците на Ирска. Изречената казна се однесува на протекувањето на лични податоци на стотици милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук. За случајот во кој телефонските броеви и електронските адреси на речиси 533 милиони корисници се најдоа на онлајн хакерски...

Најбогатиот човек против највредната компанија: Илон Маск започна вербална војна со „Епл“

Во серија твитови, сопственикот на Твитер, Илон Маск, ја обвини компанијата „Епл“ дека се заканува оти ќе го отстрани Твитер од својата продавница за апликации, што би ги ограничило новите корисници да ја преземат апликацијата од „Еп Стор“. Ваквата акција би била еднаква на цензура, напиша Маск, без објаснување зошто Твитер би бил блокиран. Маск додаде и дека „Епл“ ги...

„Рускиот Гугл“ сака да ги продаде бизнисите во Русија и да продолжи со работа од странство

Една од најпознатите руски технолошки компании „Јандекс“, која е пандан на американскиот „Гугл“, одлучи дека не може да остане во Русија и сака да ги пренесе своите најперспективни нови технологии во странство и да го отфрли најголемиот дел од бизнисот што го има во Русија, пишува Форчн. И „Њујорк Тајмс“ и „Фајненшл тајмс“ веќе имаа стории на идентичната тема,...

Компанијата „Мета“ укинува повеќе од 11.000 работни места

Компанијата „Мета“ на Марк Закерберг соопшти дека ќе отпушти 13 отсто од својата работна сила, што претставува повеќе од 11.000 вработени. Ова претставува најголемо отпуштање годинава, откако матичната компанија на Фејсбук почна да се бори со зголемени трошоци и слаб рекламен пазар, јавуваат светските новински агенции. Масовните отпуштања, пишува „Ројтерс“, кои се први од ваков вид во 18-годишното постоење на...

„Епл“ и „Мета“ влегуваат во ера на длабока филозофска конкуренција, вели Закерберг

Технолошките компании „Мета“ (поранешен „Фејсбук“) и „Епл“ влегуваат во период на многу длабока, филозофска конкуренција, која ќе ја дефинира иднината на Интернетот. Ова го вели извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, во разговор кој го објави „Д Врџ“, а го пренесе „Арс Техника“. И „Епл“ и „Мета“ во следната деценија планираат да инвестираат многу во „измешаната“ реалност, но имаат дијаметрално...

Компанијата Мета ја тужи Мета на Закерберг поради промената на името

Компанија за инсталациска уметност наречена „МЕТА“ вчера објави дека ќе ја тужи Мета (поранешен Фејсбук) за прекршување на трговска марка, тврдејќи дека промената на името што го направил Марк Закерберг го нарушила воспоставениот бренд на нивната помала компанија, пишува „Д Врџ“ (The Verge). Компанијата „MetaX LLC“ вели дека работела во технолошкиот простор за виртуелна и проширена реалност со години пред...

Русија суспендирана од меѓународни натпревари, познатите брендови ги прекинуваат врските со земјата

Низа познати брендови се повлекуваат од Русија изминатава недела, меѓу кои и филмски студија, технолошки компании и производители на автомобили и облека, по руската инвазија на Украина. Стриминг платформата „Нетфликс“ објави дека паузира со сите идни проекти во Русија, соопштувајќи дека го проценува влијанието на актуелните случувања во Украина. Снимањето на серијата на руски јазик „Зато“ (Zato) е стопирано. Од...

По „LinkedIn“ и „Yahoo“ се повлекува од Кина

„Јаху“ (Yahoo) е најновата американска технолошка компанија која го прекинува своето присуство во Кина, поради строгите регулативи кои се наметнуваат во земјата, пренесе „Би-би-си“. Компанијата во соопштението до јавноста вели дека одлуката се должи на „сè повеќе предизвикувачкото деловно и правно опкружување“ во Кина. Корисниците на „Јаху“ во Кина сега се пречекани од порака која ги известува дека сајтот повеќе не...