Раководството на Гугл го вклучи алармот поради растечката популарност на четботот ChatGPT

фото: Pawel Czerwinski на Unsplash

Појавувањето на новиот експериментален четбот наречен „ChatGPT“ доведе до прогласување на „црвен код“ меѓу раководството на Гугл. Њујорк тајмс пишува дека постои страв оти Гугл можеби се приближува до моментот од кој се плашат најголемите тимови од Силиконската долина – доаѓањето на огромна технолошка промена што може да го наруши бизнисот.

Новиот четбот ChatGPT нуди информации во јасни и едноставни реченици наместо листа од интернет линкови. Четот ги објаснува концептите на начини на кои луѓето можат полесно да ги разберат. ChatGPT може да генерира и идеи, вклучувајќи деловни стратегии, предлози за божиќни подароци, теми за блогови и планови за одмор.

Повеќе од 20 години пребарувачот Гугл служеше како примарна светска порта кон светот, а со појавата на новите четботови, технологијата е подготвена да ги замени традиционалните пребарувачи, додека Гугл може да се соочи со првата сериозна закана за својот главен бизнис за пребарување.

Четботот ChatGPT е објавен од страна на истражувачката лабораторија наречена OpenAI, а Гугл е меѓу компаниите што помогнаа во изградбата на оваа технологија. Гугл неколку години работеше на свои четботови, и како и другите големи технолошки компании, агресивно се насочува кон технологијата за вештачка интелигенција. Компанијата веќе има изградено свој бот за разговор кој би можел да му парира на ChatGPT. Јазичниот модел за апликации за дијалот, „Ламда“ на Гугл доби огромно внимание летово кога инженерот Блејк Лемоин тврдеше дека четботот бил „чувствителен“. Иако ова не беше точно, технологијата покажа колку четботовите се подобриле во последните месеци.

Њујорк тамјс пишува дека Гугл можеби не сака да ја употреби оваа нова технологија како замена за онлајн пребарувањето бидејќи не е погодна за испорачување на реклами, кои инаку сочинуваа повеќе од 80 отсто од приходите на компанијата минатата година.

Новите четботови ги учат своите вештини преку анализа на огромни окличини на податоци објавени на Интернет, и поради тоа ги спојуваат факцијата и фактите. Четботовите даваат информации кои можат да бидат пристрасни, но и да генерираат токсичен јазик, вклучително и говор на омраза. Свои четботови изминатиов период создаваа и други големи технолошки компании, меѓу кои и „Мајкрософт“ и „Мета“.

Експертите за технологија сметаат дека Гугл сега мора да одлучи дали ќе го надгради својот пребарувач и ќе направи целосно нов четбот кој ќе претставува примарна и водечка услуга на компанијата. „Ламда“ во моментов е достапна само за ограничен број на луѓе преку експериментална апликација.

Инженер во „Гугл“ смета дека вештачката интелигенција на компанијата „оживеала“ и е чувствителна