Илон Маск преку анкета на Твитер праша дали треба да се повлече од местото извршен директор

Елон Маск, на настан во 2020 година | Фото: Белата куќа, Јавен домејн, Викимедиа комонс

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, побара од корисниците на оваа платформа да гласаат за неговата иднина како извршен директор на компанијата за социјални мрежи. Во анкетата што ја објави, Маск праша дали треба да се повлече од функцијата шеф на Твитер, додавајќи дека ќе се придржува до резултатите.

Би-Би-Си пишува дека до утрово на анкетата гласале повеќе од 13 милиони луѓе, од кои 57 отсто одговориле „да“ за повлекување на Маск.

Според Гардијан, на една од сугестиите дека веќе е избран нов извршен директор, Маск одговорил: „Никој не ја сака работата што всушност може да го одржи Твитер жив. Нема наследник“.

Раководството со Твитер од страна на милијардерот донесе низа контроверзни промени по неговото купување на социјалната мрежа во октомври. Маск отпушти околу половина од персоналот и воведе платена функција за потврда на идентитетите на корисниците. Тој беше критикуван и за неговиот пристап кон модерирањето на содржините, при што некои групи за граѓански слбооди го обвинија дека преземал чекори што ќе го зголемат говорот на омраза и дезинформациите.

Во петокот Маск беше наиде на осуда од страна на Обединетите нации (ОН) и  Европската унија (ЕУ) поради одлуката на Твитер да суспендира новинари кои пишуваат за социјалната мрежа и за нејзиниот сопственик. По гласните реакции, корисничките сметки на новинарите беа вратени на Твитер во текот на викендот.

Елон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер