fbpx
Таг: Малинка Ристевска Јорданова

таг: Малинка Ристевска Јорданова

Енергетската криза во Западниот Балкан – слично на ЕУ, или сепак различно?

Очекувано, глобалната енергетската криза не го заобиколи Западниот Балкан. Меѓутоа, регионот покажува некои специфики споредено со ЕУ. Западниот Балкан е поврзан со Европската унија преку Договорот за енергетската заедница, во кој, покрај државите од нашиот регион, членуваат и Украина, Молдавија и Грузија. Со овој договор практично внатрешниот пазар на енергија на ЕУ се проширува на овие држави, што за нив...

Енергетската криза во ЕУ – да се прегрми зимата, а потоа…

Глобалната енергетската криза сериозно ја погодува Европската Унија. Сите традиционални извори на енергија поскапеа на светскиот пазар. Покрај пазарните фактори на понудата и побарувачката, за кризата придонесува и стравот и неизвесноста во пресрет на зимата.   Графикон 1: Цените на енергијата во ЕУ 2008-2021, Европска комисија Европската унија е силно зависна од надворешни енергетски ресурси. Според Еуростат, во 2019 година зависноста изнесувала...

„Polexit“ од правото на ЕУ – загрозување на јадрото на ЕУ

Принципот на првенство (сумпремација) на правото на ЕУ е една од најважните лекции на оние што ја изучувааат интеграцијата на ЕУ. Востановен уште далечните 60-ти години преку судската практика на Судот на правдата на ЕУ (СПЕУ), овој принцип кажува дека правото на ЕУ има првенство пред националното право на државите членки. Оттаму, одлуките на СПЕУ се обврзни за националните...

Евроинтеграции: „Жесток“ дијалог помеѓу земјите-членки за формулацијата на Декларацијата за Самитот во Брдо

Уште два дена нè делат од неформалниот Самит ЕУ - Западен Балкан, a не се знае со каков став ќе излезат земјите-членки. Медиумите веќе неколку недели пишуваат за можните формулации во Декларацијата од овој Самит, но се разбира тие остануваат на ниво на претпоставки. Бугарија, од друга страна, се нема поместено од своите ставови, но како и да е,...

Исходот од германските избори и надворешната политика, ЕУ и проширувањето

Исходот на германските избори е веќе јасен. Германските социјалдемократи (СПД) слават тесна, но значајна победа со 25,7% од гласовите. Историски најниски 24,1% доби ЦДУ/ЦСУ. Многу гласови се одлеаја од двете главни партии, главно кон Зелените (14,9%) и Либералите (11,5%), додека Левицата (4,9%,) и националистите (АфД) – 10,2% имаат пoслаб резултат од претходните избори имаат. Ваквиот исход на изборите води...

И натаму во потрага по „душата на Унијата“

Под насловот „Јакнење на душата на нашата Унија“, претседателката на Европската комисија на 15 септември оваа година го поднесе нејзиниот втор годишен говор за состојбите во Унијата. Аналитичарите, преку анализа на содржината, побрзаа да извлечат заклучоци за смената на приоритетите од минатата година до денес. Така, европскиот портал „Политико“ ќе забележи дека оваа година, претседателката многу повеќе споменува „одбрана и...

Помошта при непогоди – солидарност во систем

Македонската јавност до пред некој ден, разбирливо, беше преокупирана со борбата против пожарите. Тие зазедоа такви размери што со нив не можевме да се справиме сами, па побаравме помош. Според податоците досега објавени од Европската комисија и НАТО, преку ЕУ е стигната помошта од Словенија, Бугарија, Австрија и Романија, а од Црна Гора – преку НАТО. Помош добивме и...

Слободата на медиумите во пад – закана за владеењето на правото

Да разгледаме малку подетално кои се прашањата кои ја преокупираат ЕУ во областа на владеењето на правото. Тоа го чиниме во серија од статии посветени на четирите области покриени со Извештајот на владеењето на правото на ЕУ: 1. судскиот систем 2. анти-корупциска рамка, 3. медиумски плурализам и слобода на медиумите и 4. системот на контроли и рамнотежи. Започнуваме со темата...

Втор извештај на ЕУ за владеење на правото: Kон превенција или санкции?

Во екот на летото, пред околу една седмица, Европската комисија го објави вториот извештај за владеењето на правото во ЕУ. Тоа следеше само еден месец откако се затвори кругот по претходниот извештај, со Резолуцијата на Европскиот парламент од 24 јуни 2021 година. Резолуцијата на Европскиот парламент за минатогодишниот извештај во голема мера ги одрази залагањата и критиките од стручните кругови...

Кластерот 6. Надворешните односи – политиката и трговијата заедно

Последен, барем по редослед, е кластерот со најмалку поглавја – само две: Надворешни односи Заедничка надворешна безбедносна и одбранбена политика Насловот на Поглавјето 30 е збунувачки, зашто во него не се работи за целината на надворешните односи на државата, туку за трговските односи. Специфично е што трговските односи со трети земји во ЕУ се целосно во надлежност на ЕУ, и тоа...

Кластерот 5. Ресурси, земјоделство и кохезија – по логиката на парите: Имаме и добри примери

Нема двоумење како се нашле заедно поглавјата содржани во овој кластер. Нивни заеднички именител се парите – оние што државата пристапничка би требало да ги користи од ЕУ, но и оние што треба да ги придонесува во ЕУ. Поглавјата 11, 12, и 13 се однесуваат на земјоделството, рибарството и безбедноста на храната, додека поглавјето 22 се однесува на користењето на...

Кластер 4: Зелена агенда и одржлива поврзаност – Актуелно, но дали и приоритетно?

„Зелените“ приоритети одамна се на врвот на приоритетите на Европската Унија, што само е потврдено и за овој мандат на највисоките тела на ЕУ (2019-2024 година). Со годините се развиваа и надоградуваа мноштво политики и законодавство, кои  се меѓу најтешките за спроведување – особено во областа на заштитата на животната средина, а бараат и значителни инвестиции. Ова е кластер со...

Кластер 3: Конкурентност и инклузивен растeж

Кластерот обединува прилично различни поглавја, чиј заеднички именител треба да е нивната поврзаност со развојот. Затоа, овој кластер е тесно поврзан со економските критериуми. Поглавја од кластерот 3: Конкурентност и инклузивен растеж         Информатичко општество и медиуми Оданочување Економска и монетарна политика 19 . Социјална политика и вработување Претпријатија и индустриска политика Наука и истражување Образование и култура Царинска унија Да почнеме...

Кластер 2: Внатрешен пазар – крајно време за враќање во фокусот

Внатрешниот пазар на ЕУ главниот проект и сржта на Европската унија од нејзинотo основање. Првата фаза, чија цел беше „да се отстранат трговските бариери меѓу земјите-членки со цел да се зголеми економскиот просперитет и да се придонесе кон „сè поблиска унија меѓу народите во Европа“, е завршена во 70-те години од минатиот век. Во втората фаза, која започна во...

Поделбата на Северна Македонија и Албанија во евроинтеграциите може да предизвика незадоволство

Изјавата на високиот претставник на ЕУ, Оливер Вархеји, со која не се исклучува можноста во јуни разговорите со Брисел да ги започне само Албанија, предизвика дебата и дилеми во јавноста. Експертите едногласно тврдат дека овие две земји на првата меѓувладина конференција не треба да се поделат, оти такво нешто би предизвикало незадоволство на регионалната политичка сцена. Од друга страна,...

За новата методологија на ЕУ за проширување и нејзиното влијание врз преговорите

Обземени со прашањето, ќе почнат преговорите или не, запоставуваме некои теми кои се чинат неактуелни или технички. Такво е и прашањето за новата методологија на проширувањето. Во предлогот на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, која што постојано ja споменуваме, е всушност применета на новата методологија, иницирана од Франција и усвоена од Советот на ЕУ во март 2020...

Порталб: Северна Македонија „во чекална“ и по јуни, малку шанси за почеток на преговори со ЕУ

Нема воопшто или многу малку шанси за почеток на преговори во јуни, на Северна Македонија со Европската унија. Ова е впечаток на експертите од земјата во врска со патот за интеграција на РСМ во ЕУ. Високите дози песимизам преовладуваат од повеќе причини, пишува Порталб.мк. Според Малинка Ристевска Јорданова, од Институтот за европски политики, шансите за почеток на разговори се мали,...

ЕУ за иднината на Европа – без инклузивност

Повторно ќе разговараме за иднината на Европа. Не, грешка. Нема ние да разговараме. Тие ќе си разговараат. Зашто ние, таа чудна кованица од Западен Балкан, веројатно немаме баш што да кажеме, а и зошто да си го трошиме скапоценото балканско време... Има уште еден проблем - не сме поканети. Иако, насловот на Конференција е „иднината на Европа“, а не...

Дигиталните пасоши на ЕУ за ковид-19: ограничување или олеснување

Веќе следната седмица, на 28 април, се очекува Европскиот парламент да даде зелено светло за дигиталниот пасош на ЕУ за ковид-19, откако веќе се согласи да примени итна постапка. Сепак, регулативите со кои се регулира ова прашање треба да ги усвои Советот на ЕУ – државите членки, а потоа треба да се донесат и спроведбени одлуки на Комисијата, за...

Порталб: Aферата „Мафија“ не влијае на визниот режим, но следењето при издавање лични документи може да биде поригорозно

Аферата со издавање пасоши со лажен идентитет не влијае на визната либерализација, рече европратеникот Андреас Шидер, бидејќи државата презема мерки. Истото го мисли и Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европски политики, која вели дека сепак, овој скандал ќе има влијание врз проценката на безбедноста во текот на постапката за издавање патни исправи, пренесува Порталб.мк. Европратеникот Андреас Шидер ја опиша...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...