fbpx
Таг: Малинка Ристевска Јорданова

таг: Малинка Ристевска Јорданова

Балканските патишта кон ЕУ: Босна и Херцеговина – Доволно за мир, но не и за функционалност

Политиката на ЕУ кон целиот регион се обликуваше по завршувањето на граѓанската војана во Босна и Херцеговина и се обликуваше новиот регион Западен Балкан и новиот регионален пристап. Дипломатското решение обликувано во Дејтонскиот мир – ја рекреираше Босна и Херцеговина како сложена држава која не е дефинирана ни како конфедерација ни како федерација, но се состои од два ентитети,...

Балканските патишта кон ЕУ: Албанија – трновито, но недвосмислено

Малкумина денес се потсетуваат дека Албанија прва од земјите на денешниот регион што се нарекува Западен Балкан склучи договор со соработка со ЕУ, уште во 1992 година. Она што сериозно го забави напредокот кон ЕУ, а пред сѐ - натамошниот демократски развој на земјата, беа безредијата во 1997 година, кои резултираа со ограбување на аресеналите на оружје и муниција,...

„Неправедното“ судството бариера на патот кон европската интеграција на Албанија и Македонија

Северна Македонија и Албанија продолжуваат да остануваат на списокот на земји кандидати за влез во Европската унија. Реформите во судството се многу важен услов што ЕУ бара од двете земји строго да ги почитуваат. Во Северна Македонија, довербата во судството е многу мала бидејќи реформите напредуваат со бавно темпо. Во Албанија, експертите проценуваат дека сè уште постои голем јаз...

Балканските патишта кон ЕУ: Србија – регионалната ѕвезда на вакцинацијата во геостратешкиот мозаик

Последниве неколку месеци, Србија е ѕвездата од Балканот на вакцинацијата против КОВИД-19. На сите графикони по сите социјални мрежи следени од милиони луѓе ширум можете да ја забележите Србија на челните места по процентот на вакцинираност на населението. Славата ја стекна не затоа што беспоговорно ја следеше ЕУ, туку токму заради спротивното – затоа што играше на повеќе карти,...

Балканските патишта кон ЕУ: Црна Гора, брзо од независност до лидер, но како понатаму?

Во балканските приказни на патот до ЕУ „лидерите“ релативно често се менуваа. Црна Гора сега е државата која е најнапред до ЕУ, барем гледано од аспект на чекорите потребни до членство. Таа стекна независност во 2006 година, а по поднесеното барање за членство од 2008 година доби кандидатски статус во 2010 година. Преговорите започнаа во јуни 2012 година, а...

Во очекување на зборот на Европскиот парламент

Со низа средби на највисоко ниво и без многу контроверзи минатата недела мина посетата на известителот за Северна Македонија на Европскиот парламент, Илхан Ќуќук. Македонската јавност главно ја издвои неговата изјава дека постојат големи разлики меѓу бугарските барања и очекувањата на Северна Македонија. Европскиот парламент има позначајна улога во завршните фази од процесот на проширување, кога е неопходна неговата согласност...

Емиграцијата: балкански симптом

Според податоците на Атласот на емиграција на ЕУ 2020, емиграцијата од шесте држави на Зaпадниот Балкан во ЕУ изнесува скоро 3 милиони луѓе – поточно 2.990.000. Во ЕУ со валидни дозволи за престој на крајот на 2019 година биле над 2.400.000 лица од Западниот Балкан. За околу 60.000 лица во 2019 година било утврдено дека незаконски престојувале, но на...

Демографските промени во Европската унија: од Исток кон Запад

Во период кога пописот е една од најактуелните теми кај нас, вреди да се погледне пошироката слика, односно барем некои од главните демографски прашања во ЕУ, особено оние поврзани со последните проширувања. Дека населението во светот старее не е ништо ново. Европската унија е меѓу најзасегнатите од овој глобален тренд. Главниот предизвик е растот на „стапката на зависност“ – односно...

Новиот пакт за миграција и азил – можна ли е „флексибилна солидарност“?

Во септември 2020 година Европската комисија поднесе низа документи, со кои се предлага ревизија на политиката на ЕУ во областа на миграцијата и азилот. Покрај коминикето „Нов пакт за азил и миграција“, Комисијата предложи измени на сите главни директиви од оваа област, план за реализација, како и неколку препораки и насоки. Ревизијата го признава неуспехот на оваа политика од 2015...

Заштитата на личните податоци – одново во фокусот

Го одбележавме и 28 јануари – Европскиот ден за заштита на личните податоци. Веројатно немаше да биде толку забележан во нашата јавност, ако не коинцидираше со скандалот на тешко нарушување на приватноста – скандалот „Јавна соба“. Во 1981 година на овој ден Советот на Европа ја отвори за потпис Конвенцијата 108 за заштита на личните податоци. Сега е во тек...

Трансатлантскaта соработка: Ќе треба повеќе од кликни “undo”

Трансатлантските односи доживеаја најниска точка за време на претседателствувањето на Трамп. Затоа не беше изненадување што европските лидери (барем најголемиот број од нив) меѓу првите му ја честитаа победата на сега веќе претседателот Бајден, испраќајќи пораки на надеж за јакнење на трансатлантската соработка, пишува Малинка Ристевска - Јорданова во новата колумна за „Порталб.мк'. Веројатно традиционалните сојузници од двете страни...

Португалско претседателство – ништо спектакуларно во најава

Од 2010 година, по Лисабонскиот договор, покрај програмата на претседателството на ЕУ, кое трае шест месеци, се воведе и Програма на т.н Трио. Триото го сочинуваат три држави кои редоследно претседаваат со ЕУ. Во програмата на Триото Германија – Португалија - Словенија (1 јули 2020 година – 31 декември 2021 година) изрично се поздрави одлуката за почеток на преговорите...

Судот на правдата на ЕУ – децидно за независноста на судството

Пред повеќе од две години во т.н. објаснувачки скрининг Европската комисија на Македонија ѝ презентираше кои се барањата на правото на ЕУ за независноста на судството. Во тој преглед имаше малку од она што се нарекува „тврдо“, па и „меко“ право на Унијата. Тоа беа главно нови одредби воведени во примарното право по Лисабонскиот договор (2007, во сила од...

Плановите на ЕУ за 2021 година – амбиција со внимателност

Да се осврнеме најпрвин на долгорочната рамка на планирањето во ЕУ. Првпат оваа година трите институции – Европскиот парламент, Советот и Комисијата донесоа заклучоци за подолгорочните политички цели - за периодот 2020-2024. Целите се на линија на Стратешката агенда на Европскиот совет од 2019 година за овој политички мандат на европските институции, со една значајна додавка: целосното закрепнување од кризата...

Јавното мислење за проширувањето од двете страни на медалот

Кога се донесуваше новата стратегија за проширувањето минататa година, еден од попатните аргументи беше дека јавното мислење во ЕУ не е подготвено за проширувањето. Поддршката, односно отсуството на поддршка од граѓаните, секако е значаен фактор во донесувањето на политичките одлуки, зашто политичарите водат сметка за мислењето на нивните гласачи. Меѓутоа, големо прашање е колку темата на проширување е на...

Чекајќи ги…. заклучоците

Во раните утрински часови пред точно 15 години Република Македонија (тогаш со привремената референца) се стекна со кандидатски статус. Деновиве, петнаесет години подоцна се очекуваше отпочнување на преговорите со ЕУ. Меѓутоа, тоа не се случи, дури и по тешките компромиси за да се отстрани грчката блокада, вклучувајќи ја и промената на името на државата. Од 2005 година наваму, секои шест...

За диференцираната интеграција: ЕУ, Европската економска област и Европската асоцијација на слободна трговија

Деновиве стана актуелна темата Европска економска област (ЕЕА) или подобро речено – моделот на Европската економска област, но во дискусијата недостасува поткрепеност со факти или реални проценки. Затоа се осврнуваме на некои базични факти за ЕЕА, ЕУ и ЕФТА. Создавањето на Европската заедница за јаглен и челик, а потоа и Европската економска заедница во педесеттите години од минатиот век со...

За интеграцискиот капацитет на Европската Унија

Непосредно по големото проширување од 2004 и 2007 година, Европската унија во тогашната своја стратегија на проширувањето го воведе концептот на нејзиниот „апсорпциски капацитет“. Овој концепт се однесуваше на способноста на Унијата за одржување на текот на европската интеграција напоредно со проширувањето. Беа дефинирани три нејзини главни компоненти: институции, заеднички политики и буџет. Со други зборови, Европската унија ќе...

За (не)можното напуштање на консензусот во надворешната политика на ЕУ

Заедничката надворешна и безбедносна политика е политиката во која државите членки на ЕУ имаат најголемо влијание. Консензусот е основното правило на донесување на одлуките, а квалификуваното мнозинство – исклучок. Скоро за сите одлуки поврзани со надворешната политика на ЕУ се бара консензус на сите држави членки. Дури и правото на иницијатива на Комисијата е ограничено во овој случај –...

За европеизацијата и деевропеизацијата

Во сложени времиња ќе си дозволиме да користиме сложени зборови. Токму таков се чини поимот на европеизација, кој некако сѐ поретко го слушаме последниве години. Сепак, теоријата не мирува, па на „европеизација“ му додаде и негов антипод „деевропеизација“. Дефиницијата на европеизацијата на Радаели од 2003 година, е прифатена во теоријата како ретко која друга. Еве и како гласи: „процеси на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...