fbpx
Таг: Малинка Ристевска Јорданова

таг: Малинка Ристевска Јорданова

Канцеларска посета и регионален самит

На крајот на француското претседателство, германскиот премиер одбра да го посети Балканот. И тоа не само „Западниот“ Балкан, туку и Бугарија, но и да присуствува на Самитот на државите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун - Грција. Да се потсетиме – овој процес е најстарата регионална иницијатива (од 1996 година), чија институционална поддршка е подоцна...

Новата европска геополитичка заедница – нови предлози, стари интереси и концепти

Пред неполн месец, пишувавме за идеите за различни видови интеграција со ЕУ, забележувајќи дека заживува дискусијата за овие прашања. Во меѓувреме, на 9 мај, францускиот претседател Макрон излезе со идеја за нова европска политичка заедница, што подоцна ја презеде претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Да биде сцената поинтересна, некои извори (италијанската Corriere della Sera) тврдат дека британскиот премиер...

Од Европскиот парламент: Пофалби, билатерализација, контрадикторност

Со една констатација изнесена од бугарските европратеници во дискусијата по овогодишната Резолуција за Извештајот за Северна Македонија се сложувам: дека таа содржи контрадикторни ставови. Тоа е резултат на лобирањата, бројните направени компромиси, партиските усогласувања и надмудрувања, вклучувајќи и до последните денови пред усвојувањето. Годинешниов тек на подготовката и расправата за Предлог-Резолуцијата предизвика неспоредливо помалку внимание во јавноста од порано, освен...

Европа на „концентрични кругови“ повторно на сцената

Од самотo основање на Европската Унија живи се идеите за т.н. „диференцирана интеграција“. Со овој поим се означуваат различни форми на интеграција и соработка меѓу членки, но и не-членки на ЕУ. Вообичаено се прави разлика меѓу внатрешниот аспект на ова прашање, кој се однесува на членките на ЕУ, и надворешниот – на оние кои не се членки. Причините кои доведоа...

Фондот за обнова и отпорност – нова финансиска инјекција во ЕУ

Фoндот за обнова и отпорност е најголемиот дел од Инструментот „Нова генерација ЕУ“, тежок околу 800 милијарди евра, востановен за да се поттикне развојот по пандемијата. На овој фонд отпаѓаат 672,5 милијарди евра, од кои 312,5 милијарди се дотации (грантови), додека 320 милијарди евра се заеми. Фондот поддржува шест т.н. столба: 1) зелена транзиција; 2) дигитална трансформација; 3) економска...

Изборната „честитка“ до Орбан

Минатата година, Европската унија, со посебна Регулатива, го воведе механизмот за условеност. Иако се водеше во рамките на пакетот „Нова генерација ЕУ“ за санирање на последиците од Ковид-19, тој се однесува на сите средства на Буџетот на ЕУ. Беше предмет на тежок компромис меѓу државите членки, особено имајќи го предвид противењето на Унгарија и Полска, на чии влади им...

ЕУ во трка за енергија

Кога пред околу една година се вжешти кризата со енергенсите малкумина предвидуваа дека тоа ќе биде подолгорочно. Агресијата на Русија врз Украина целосно ги промени прогнозите и плановите, а енергетиката уште поцврсто се поврза со гео-политиката. Зависноста од руските енергенси (гас – 45,3%, нафта – 27%, јаглен – 46%) ги оневозможи поострите санкции на ЕУ кон Русија. Иако руски енергенси...

Нова криза – ветви пораки за Западниот Балкан

Во последната турнеја на Западниот Балкан, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата Жозеф Борел избра да ги посети Албанија, Македонија и Босна и Херцеговина. Изборот му паднал на во моментов најпослушните и на во моментов најризичниот. Се чини дека Србија и Косово ќе беа преголем залак за оваа посета, а Црна...

Новите барања за членство во ЕУ: Нов тест за интеграцискиот капацитет на ЕУ

Неколку дена по руската инвазија, Украина поднесе барање за членство во ЕУ. Украинскиот претседател побара „итен прием“, што беше поддржано со истовремено писмо од осум држави членки на ЕУ (сите од Централна и Источна Европа освен Романија и Унгарија). Тие побараа од другите држави членки да овозможат брза постапка во институциите на ЕУ „да спроведат чекори за веднаш на...

Санкциите кон Русија: крешендо

За една седмица Европската унија во три наврати (на 23, 25 и 28 февруари 2022) воведуваше нови санкции или ги менуваше постојните санкции кон Русија. Тие претходно беа најавувани на високо ниво, па се создаде и конфузија околу тоа за кои санкции се преговара, а кои се веќе во сила. Покрај внатрешните договарања, ЕУ ги усогласуваше санкциите и со...

Без пластични кеси – повидлива Зелена агенда

Неодамна беше објавено дека во Македонија веќе првиот месец по забраната на употреба на неразградливи пластични кеси, нивната употреба (во маркетите) се намалила за 4-10 пати, а остварен е и приход од продажбата на пластични кеси од 235.000 евра. Конечно – тоа е добра вест. Да ја погледнеме најпрвин пошироката слика – каде се наоѓаме во европски, но и глобални...

За здравјето се работи

Да не беше пандемијата предизвикана од Ковид-19, здравството веројатно ќе останеше под радарот на вниманието на европската и нашата јавност. Здравството е област на споделена надлежност меѓу ЕУ и државите членки. Додека државите членки ги утврдуваат и обезбедуваат нивните здравствени услуги и грижата за здравјето, Унијата ги дополнува нивните национални политики со цел подобрување на јавното здравје, спречување на...

Нов почеток или нова епизода – Првата средба на новите бугарски и македонски премиери

Посетата на новиот премиер на Бугарија на уште поновиот премиер на Северна Македонија донесе нов ветар, кој сепак засега не успеа да го расчисти загадениот воздух, пишува Малинка Ристевска - Јорданова, во новата колумна за „Порталб“. Неспорно е дека двајцата премиери имаа намера и успеаја да прикажат волја за создавање нова клима во односите меѓу двете земји. Целта на овој...

(Не)ефективноста на ЕУ во поддршката за владеење на правото на Западниот Балкан

И самиот наслов „Поддршката на ЕУ за владеење на правото на Западниот Балкан: и покрај поддршката, опстојуваат темелните проблеми“ на неодамна објавениот специјален извештај на Судот на ревизори на ЕУ е индикативен за неговата содржина. Во овој Извештај Судот на ревизори на ЕУ ја оценувал ефективноста на поддршката на ЕУ за владеење на правото спроведена преку Инструментот ИПА II во...

Боите на Француското претседателство со ЕУ

Франција на почетокот на нејзиното претседателствување на ЕУ ги обои своите знаменитости со боите на Европската Унија. Меѓутоа, дури и симболиката не помина без контроверзи. Француската крајна десница олицетворена во Мари Ле Пен, која инаку се залага за излегување на Франција од ЕУ, остро регираше поради замената на француското знаме со знамето на ЕУ под Триумфалната порта, макар и...

„Позеленување“ на балкански начин – Зелената агенда за Западниот Балкан

Како и со другите политики, зависно од интересот, меѓународните обврски и степенот на соработка со одделни региони и држави, Европската унија зелената агенда „ја извезува“ во трети земји. Рамката за „пренос“ на Европската зелената агенда во Западниот Балкан (ЗБ) ЕУ ја постави на регионално ниво – со Коминикето на Комисијата од октомври 2020 година за спроведување на Зелениот договор...

Eвропскиот зелен договор две години потоа

Зелениот договор од 2019 година е прв стратешки приоритет на овој состав на Европската комисија. Тој има три главни цели: Европската унија да стане неутрална во поглед на стакленичките гасови до 2050 година; Економскиот раст да се раздвои од користењето на ресурсите; Ниеден човек и ниедно место да не биде запоставено. За првата цел, која е и најпознатата, е поставена...

Нетранспарентноста на Европската инвестициона банка и проектите на Балканот

Една неодамна објавена вест – дека Европската инвестициона банка (ЕИБ) ја усвоила новата политика на транспарентност – немаше да биде вест, доколку не ѝ претходеше бурна расправа за нетранспарентноста на оваа финансиска институција на ЕУ. За жал, веста не носи нови вести – новата политика на транспарентност на ЕИБ всушност ја потврдува старата нетранспарентност. По веста, следеа повеќе реакции за...

Европското јавно обвинителство – заштита на европските пари, но и повеќе од тоа

Дека градењето на институциите во ЕУ е долг и сложен процес добро го илустрира примерот на Европското јавно обвинителство. Институцијата се создаваше 25 години. По иницијалните предлози и дискусии, правната основа беше создадена со Договорот од Лисабон во 2007 година. За Предлогот на регулативата за основање поднесен во 2013 година се расправаше цели четири години и таа беше усвоена во...

И повторно лупа врз исходот од бугарски избори: Меѓу кажаното и пишаното

По третите парламентарни избори оваа година, можно е Бугарија да добие Влада. Резултатите, математички гледано, тоа не го гарантираат. Сепак, политичката игра е надвор од доменот на математиката, а картите се малку поинаку поделени во оваа трета рунда. Изненадувачката победа на новоформираната „Продолжуваме со промените“, благодарејќи на анти-корупциската платформа, харизмата на лидерите и нивниот имиџ на успешни харвардски ученици е...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...