fbpx

Евроинтеграции: „Жесток“ дијалог помеѓу земјите-членки за формулацијата на Декларацијата за Самитот во Брдо

-

Уште два дена нè делат од неформалниот Самит ЕУ – Западен Балкан, a не се знае со каков став ќе излезат земјите-членки. Медиумите веќе неколку недели пишуваат за можните формулации во Декларацијата од овој Самит, но се разбира тие остануваат на ниво на претпоставки. Бугарија, од друга страна, се нема поместено од своите ставови, но како и да е, останува знак прашалник тоа колку ќе може да се актуализира на овој Самит, пишува Порталб.мк.

Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европски политики смета дека се одвива жесток дијалог помеѓу земјите членки околу формулацијата на декларацијата и според неа, со голема веројатност на крајот ќе се најде компромис за унифицирање на истата.

„Самитот е најавен како потврдување на ‘европската перспектива’ на Западен Балкан. Меѓутоа, очигледно е дека се води жесток дијалог помеѓу земјите членки околу формулацијата на Декларацијата на Самитот. Според неколку медиуми, Претседателот на Словенија предлага 2030 година да се определи како целна година за пристапувањето на земјите од регионот во ЕУ, што несомнено не е реалистично и претставува обид за спротивставување на барањата на неколку земји-членки за „ублажување“ на ветувањето за зачленување. Изгледа, на крајот ќе се изнајдат компромисни формулации за Декларацијата, што ќе ги „смират“ или избегнат различните актуелни гледишта за проширувањето“, процени за Порталб.мк Ристевска Јорданова.

Во врска со Бугарија, таа вели дека останува на истите позиции, а за раздвојувањето на Македонија и Албанија во овој процес, смета дека барем засеганема да се отвори како прашање.

Бугарија повторно обвинува дека во Северна Македонија има дискриминација по бугарската етничка основа

Поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка Екатерина Захариева, обвини дека во Северна Македонија има дискриминација врз основа на бугарска етничка припадност. Вакви обвинувања, Бугарија постојано изнесува против Македонија, но домашните лидери одговараа со „меки“ тонови.

Но, овој пат вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, рече дека му е тешко да ги сфати ваквите обвиненија.

„Зголемувањето на револтот што го дефинирате како ‘говор на омраза’ од наша страна е од обични луѓе, граѓани и е предизвикано токму од тоа што вие им кажувате кои се тие. Сакате да им кажувате која е нивната историја и сакате да им кажувате каков е нивниот јазик. Нормално, кај луѓето ќе има револт. Ние како држава, секогаш ќе ги осудуваме инцидентите, но актуелната бугарска политика спрема Северна Македонија е инвестирање во антагонизам а не во пријателство“, рече Димитров во одговорот.

Европските челници со охрабрувачка порака

Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во текот на нејзината посета на Скопје, на 25 септември, најави дека ќе ги интензивира разговорите со Бугарија, но идентитетските прашања не може да бидат тема на разговори.

„Ве сакаме да сте близу до нас, ЕК и јас стоиме на тоа. Направивте огромен напредок и усвоивте храбра одлука, и сега ЕУ мора да дејствува“, рече Лајен.

Таа испрати охрабрувачки пораки да не се губи вербата бидејќи Северна Македонија има поддршка од многу меѓународни пријатели.

Во меѓувреме, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји при неговата посета во Македонија на 30 септември, изјави дека за да се постигне успех во проширувањето, потребна е пред сé посветеност. Вархеји истакна дека патот кон ЕУ е долг и комплициран и полн со предизвици, но како што рече, за него нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен да стане дел од ЕУ и за тоа обидете се што е можно повеќе за да се случи.

Прочитано меѓу редови, изјавата на Вархеји подразбира дека Балканот ќе биде интегриран во ЕУ, но дека тоа не се очекува да се случи наскоро.

Големи очекувања од премиерот Заев, спротивставени позиции меѓу земјите од ЕУ

Премиерот Заев пред два дена потсети дека сите земји – членки ја прифатија одлуката на ЕК, од март 2020 година и се согласија дека интеграцијата на партнерите од Западен Балкан е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и економскиот раст на сите континенти.

„За жал, Бугарија ја блокираше оваа одлука и таа блокада е уште активна. Искрено се надевам дека вашите пораки од овој форум ќе бидат дел од новиот поттик што е толку потребен во моментов и дека на 6 октомври во Словенија ќе бидат преземени неопходните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ“, рече Заев во воведниот говор на Осмиот форум за граѓанско општество на Западен Балкан.

По форумот, премиерот рече дека има поместување во ставовите на Софија.

Во напис објавен од Ројтерс со наслов „ЕУ не може да се усогласи околу гарантирањето членство на земјите од Западен Балкан” ги споменува Данска, Франција и Холандија како земји – членки кои се противат на повторувањето на ветувањата дадени на земјите од Западен Балкан во Солун во 2003 година.

Иако, амбасадите на Холандија и Франција о Северна Македонија, рекоа дека се „за“ започнува преговори со Македонија, двете земји остануваат меѓу тие кои беа скептични во врска со проширувањето на ЕУ. Затоа, за да се потврдат или побијат овие претпоставки како можни „хипотези“, ни требаат само уште два дена.

Потсетуваме, Бугарија е против пристапувањето на Северна Македонија поради историски и јазични спорови. Но, дури и да има договор, лошата ситуација ја одразува парализата на планот на ЕУ да изгради „прстен на пријатели“ од Украина до Тунис, нудејќи поблиски врски, но и трговија и помош.

Некаде од крајот на 2020 година, Бугарија го блокираше почетокот на преговоритепомеѓу Северна Македонија и ЕУ и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Двете земји, во 2017 година потпишаа Договор за добрососедство, но претставниците на двете земји меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...