fbpx

Кластер 3: Конкурентност и инклузивен растeж

-

Кластерот обединува прилично различни поглавја, чиј заеднички именител треба да е нивната поврзаност со развојот. Затоа, овој кластер е тесно поврзан со економските критериуми.

Поглавја од кластерот 3: Конкурентност и инклузивен растеж        

  1. Информатичко општество и медиуми
  2. Оданочување
  3. Економска и монетарна политика

19 . Социјална политика и вработување

  1. Претпријатија и индустриска политика
  2. Наука и истражување
  3. Образование и култура
  4. Царинска унија

Автор: Малинка Ристевска Јорданова

Да почнеме од оние „економски“ поглавја кои главно ги сочинуваат политики, а многу помалку законодавство – поглавјата 19 и 20. Барањата за економската и монетарната политика се поврзани со независниот статус на централната банка, и забраната таа директно да го финансира јавниот сектор и забраната за привилегиран пристап на јавните институции до средства од финансиските институции. Секако, овде се и условите за воведување на еврото, кое досега се случуваше по членството во ЕУ. Поглавјето 20, пак се однесува на координација на индустриските политики во ЕУ и обезбедување деловна средина погодна за раст.

Другите две „економски“ поглавја  – 16. Оданочување и 29. Царинска унија, имаат повеќе законодавство за преземање. ЕУ има надлежност за индиректното оданочување (ДДВ и акцизи), но не и за директното, каде само се координира. Тоа не значи дека ДДВ се определува на исто ниво на ЕУ, но директивите налагаат да не е под 15 отсто (повластената стапка – не под 5 отсто). Еден од изворите на Буџетот на ЕУ е заснован на ДДВ. И царините се извор на Буџетот на ЕУ. Царинската унија подразбира единствени царински стапки за увезените производи во ЕУ, но и исти царински постапки. Царинска унија со ЕУ може да се постигне и пред членството, но ова сега не е претпочитан начин на асоцијација. Нa пример ЕУ има царинска унија со Турција, но не и со Европската економска област (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн).

Од овие четири поглавја (16, 17, 20, 29), поглавјето 29 Царинска унија е на највисока стапка на усогласеност – оценето е „на добро ниво на подготовка“ (4 на скала од 5) – што се одржува со години по ред.  Другите три се „умерено подготвени“ (3), исто така, веќе подолго време.

Поглавјата 25 Наука и истражување и 26. Образование и култура досега се третираа за најлесни и со нив порано се почнуваа преговорите, а обично и се затвораа за еден ден. Но, тоа повеќе не е можно со новата методологија, зашто ќе се почнува со Кластерот 1. Темели. Ова се поглавја во кои ЕУ нема надлежност да донесува законодавство, туку главно се работи за капацитети за спроведување на програмите на ЕУ – а во поглавјето 26. – и за почитување на принципот на културна разновидност.

Поглавјето 19. Социјална политика и вработување е веројатно најсложеното во овој кластер – ги воспоставува минималните стандарди во трудовото право, воспоставува стриктни правила за безбедност и здравје на работа, гарантира недискриминација. Бара и воспоставен социјален дијалог, кој постојано наидува на критики во извештаите на ЕК. И ова поглавје е дел од просечно оценетите („умерено напреднато“) повеќе години.

Поглавјето 10. Информатичко општество и медиуми станува сѐ поактуелно и пообемно, со сѐ повеќе законодавство од областа на електронските комуникации и за растечките услуги на иформатичко општество, како и аудиовизуелните услуги. Во овој кластер, за жал,– оценката на ЕК паднала од „добро напредната“ во 2016 година, на  „умерено напредната“ во 2017 и останува таква.

Бидејќи во овој кластер има многу области на соработка и координација на политиките, програмите на ЕУ се еден од главните инструменти за нивна поддршка. Се работи за програми кои се финансираат на ниво на ЕУ, а на нивните повици можат да учествуваат субјекти од сите држави членки, вообичаено – со учество на повеќе партнери. Како држава кандидатка и ние имаме право на учество на некои програми, што е предмет на договор меѓу државата кандидат и ЕУ. Досега бевме поуспешни во програмите од областа на образованието и културата („Еразмус“, „Креативна Европа“) одошто во областите наука и истражување („Хоризонт“), како и претпријатија и индустриска политика („КОСМЕ“). Со новата буџетска рамка се видоизменија програмите на ЕУ, па допрва ќе се решава во кои ние ќе учествуваме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...