fbpx
Таг: изложба

таг: изложба

Во новата епизода на „Шорткат“, репортажа од дивите депонии во Скопје

Репортажа од дивите депонии низ Скопје коишто не се исчистени, иако беа ветени дека ќе се исчистат во првите 82 дена од раководењето на градоначалничката Данела Арсовска. Ова е главната тема во новата емисија за млади „Шорткат“, а на темата за проблемот со отпадот во земјава информираме и за најавеното отпочнување со чистење на депониите и ѓубриштата во Источен...

„Shortbus“ ја промовираше својата нова платформа „Exhibitions vol.1“ со изложба на млади уметници

„ShortBus“ или како што уште се нарекува, суб-културен центар ја претстави својата нова платформа „Exhibitions vol.1“ преку отварањето на изложбата на дела од четири млади уметници. Четирите учеснички се Евдокија Стаменковска и Елза Дема кои минатата година заврштиле средно уметничко образование, Ангела Георгиевска која сеуште е ученичка во средното уметничко училиште во Скопје и Марија Ќурчиева, студентка во прва година...

Вечерва отворање на изложбата посветена на македонската наива во Куманово

Вечерва, во 19:00 часот во уметничката галерија во Куманово ќе биде отворена изложбата за наивата во Македонија. За време на отварањето ќе биде промовирна книга за феноменот на творештвото што припаѓа на овој правец од сликарството. Книгата се состои од обемен текст пресликан на 16 страници и преку стотина колор репродукции на дела од правецот во светски рамки со посебен...

Утре отварање на изложбата „Навезени спомени“

Утре во Музејот на Република Северна Македонија со почеток во 13:00 часот ќе биде отворена изложбата „Навезени спомени“. Изложбата е содржана од 53 различни, најкарактеристични народни везови од различни етнографски области на нашата земја. Изложбата е поставена во чест на нашиот реномиран и меѓународно признат поет и основоположник на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Со отворањто на изложбата, музејот дава...

Перица Георгиев-Пепси: Да бидеме вљубени во мистеријата на непознатото

Еден од културните настани кој ја одбележа изминатава недела во Скопје беше и беше неформалната камерна ретроспектива на делата на Перица Георгиев-Пепси. Изложбата поставена во галеријата Чифте Амам насловена „И во огнот штом ќе запролети“ нè воведува во егзистенцијално-духовни прашања и ги бара одговорите за смислата на животот и философијата за сопственото постоење. „Да бидеме вљубени во мистеријата на непознатото....

„Сајберкултура“, изложба на ученици инспирирана од негативните влијанија на виртуелниот свет

На 22 декември, во Националната галерија на Република Северна Македонија, во просториите на мултимедијалниот центар „Мала станица“ беше отворена изложбата „Сајберкултура“. Станува збор за изложба на уметнички изрази и дела на средношколци од осум различни училишта кои твореле на иста тема поврзана со сајберкултурата што често се поистоветува со дигитална култура, виртуелна култура, интернет-култура и други. „Проектот „Сајберкултура“ е своевидно огледало...

Утре изложба на дела „Мал формат“ во Центарот за култура во Прилеп

Утре, со почеток во 12 часот на пладе ќе биде отворена изложбата на дела во мал формат, насловена со „Мал формат“ во Ликовната глаерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Сите љубители на уметноста ќе имаат можност да разгледаат дела од 30 уметници кои се членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, меѓу кои се и: Дејан...

Колективот „Пркос“ ќе се претстави со групна изложба во петок во МКЦ

Во петок во почеток во 20 часот, колктивот на млади креативци „Пркос“ организира групна изложба наречена „Паралелен универзум“ во Глаеријата во Младинскиот Културен Центар. Со идејата: „Ние сме бенд без музичари, креативни луѓе од полиња како фотографија, илустрација, анимација и дизајн, тука не е важно од каде доаѓаш и дали те познаваат на улица, битно е да имаш очи полни...

„Немаме потреба од одбрана туку од мудрост“ – Заврши манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

Вчера вечер се одржа завршниот настан од манифестацијата за чествувањето на Блаже Конески во годината што е стогодишнина од неговото раѓање. „Блаже Конески, тој тивок и кроток човек, добиваше строг лик со кој до крај го бранеше секој збор, секоја буква од македонската азбука. Зашто одбраната на посебноста на македонскиот јазик за Конески е света работа и должност: „не е...

Водно како „Медиум пукнатина“ е новата хибридна изложба на Ивана Мирчевска

Утре, во 19:00 часот во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“, Скопје ќе се отвори изложбата „Медиум пукнатина: Алтернативен сет на потпори за искачување“ од визуелната уметница Ивана Мирчевска. Се работи за хибридна инсталација составена од видео записи, 3Д креирани средини, физички објекти и звучни пејсажи во авторство на Ивана. Инспирирана од географските и интимните координати во кои се...

„Се што ни е заедничко“ – меѓународна изложба во сабота во МСУ

Во сабота, на 18 декември во Музејот на современа уметност во Скопје се отвора меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“. На оваа изложба од мултимедијален тип ќе бидат изложени дела од 11 меѓународно признати уметници: Францис Алис од Белгија, Марва Арсаниос, Шерон Хејс, Артур Џафа и Ву Цанг од САД, Хива К од Ирак, Јонас Стаал од Холандија, Дардан...

Онлајн изложба „Мироносно цвеќе за пријателството“ на Живко Поповски – Цветин

Познатиот хуманист и сликар Живко Поповски – Цветин, вчера ја отвори својата изложба „Мироносно цвеќе за пријателството“ и ги додели Цветиновите награди за мир. Изложбата се организира онлајн, а сликарот ги повика сите лица кои имаат негова слика до 9 јануари да се фотографитат на улица „Македонија“ во Скопје или во својот дом и да учествуваат на онлајн изложбата на...

„ТАА“ – изложба за значењето на македонската жена низ историјата

Во Музеј на Град Скопје е поставена збирна изложба создадена од колекции на фотографии, цртежи, вистински материјали, новински записи и предмети кои ја асоцираат улогата на жената во годините меѓу крајот на 19 век и денешната прва половина на 21 век. „ТАА“ го претставува значењето и трансформацијата на македонската жена во традиционалната заедница и семејството до почетокот на 20 век,...

Отварање на мултимедијалната изложба „Vanishing point“ на Александра Ристовска вечерва во МКЦ

Вечерва, во 20 часот се отвара мултимедијалната изложба на слики од уметницата Александра Петрушевска Ристовска во Галеријата во Младинскиот културен центар. „Како продолжение на претходната изложба 'Простори на заборав', во која беа претставени ентериери на јавни простори од Скопје во специфичен амбиент, на оваа изложба Ристовска го насочува фокусот главно кон еден простор - скопскиот планетариум“, стои во најавата за...

Изложба на дела од „Мал битолски Монамартр“ утре во Прилеп

Во Ликовната галерија на Националната установа ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп утре, во 12.30 часот ќе биде отворена изложбата на дела од Малиот битолски Монамартр. „Во наредните две недели ќе бидат изложени 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години. Љубителите на ликовната уметност ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во...

Нема никогаш да се заборави – „Сеќавања“ низ призмата на Бурим Муфтиу

Во Националната Глаерија „Чифте Амам“ е поставена изложбата на фотографии и фото-портрети „Сеќавања“ од Бурим Муфтиу. Изложените фотографии, односно делата на Муфтиу имаат едена централна инспирација, а тоа се манекените (куклите за облека). Преку фотографирање на стари, веќе изобличени кукли, кои сосема ја завршиле својата функција и животниот век во користа на човекот, тој ги користи во повеќе намени. Куклите кои...

Јубилејни 50 години од создавањето на првиот македонски анимиран филм

Вчера во Македонскиот културен центар се одбележаа 50 години од создавањето на првиот македонскиот анимиран филм и потсетување на филмската сцена на анимираниот филм во Македонија низ годините од тогаш до денес. Настанот беше организиран од страна на наследниците на ова творештво, новата или веќе средната генерација на креатори на анимиран филм, Иван Ивановски и Слободан Јаќовски. Ивановски се обрати кон...

„Неусогласеноста на личните чувства со медитивната природа на околината“ – Ликовна колонија Галичник

Вчера официјално беше отворена изложбата за 31 и 32 сесија на манифестацијата „Ликовна колонија Галичник“ во просториите на националната галерија „Мала станица“. Изложбата е содржана од две сесии кои во фокусот на творење го ставаат одност на човекот кон своето општество, трагот што го остава, сите опасности кои со кои се соочува и неговото постоење во природата како и постоењето...

Ко-екзистенција, со-чувство: Изложба на Мицко – Мице Јанкуловски и Јоргос Ксенос во Солун

„Погледнете го ноќното небо кога изгрева полна месечина. Погледнете го кога е населено со соѕвездија, планети, астероиди, галактички маглини. Погледни ги бесконечните сфери, бесконечните кругови видливи и невидливи. Погледнете го видливото, но прво погледнете го невидливото. Што кријат, но и што откриваат црното и сивилото на универзумот. Токму таму каде што се смирува тагата, тажењето, драмата на постоењето, незадоволството...

Изложба и дискусија „Современи (не)демократии – исчезнување на јавниот човек“, денес од 12 ч. во Општина Центар

Во рамки на 16. АКТО Фестивал за современи уметности, денес ќе биде отворена изложбата „Современи (не)демократии - Исчезнување на јавниот човек“ која е базирана на истражување од Јана Брсакоска, Ивана Васева, Филип Јовановски, Кристијан Караџовски и Наум Трајановски. Изложбата ќе се отвори на 6 ноември 2021 година (сабота), од 12 часот, пред салата за седници на Oпштина Центар. По изложбата, на...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...