fbpx
Таг: изложба

таг: изложба

Утре ќе се одржи ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ 2.0 – Саем за размена на креативни искуства и размисли

Утре во „Јавна соба“ по вторпат ќе се одржи Саемот за размена на креативни искуства и размисли насловен како „ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ“. Настанот е во организација на „Скала Магазин“ - прва дигитална платформа за дизајн и современа уметност, која е отворена за промоција на домашните млади креативци, нивно поврзување со индустријата и поддржување на културните настани и сцена, а...

Во недела нерасните кучиња ќе имаат можност да учествуваат на изложба, повикот е отворен

Оваа недела, на 22 мај, во хотелот Белви во Скопје, со почеток од 10:00 часот, сите кучиња кои не се расни, а имаат микрочип и пасош за миленици и не боледуваат од некоја заразна болест, ќе имаат можност да учествуваат на изложба. Ќе има различни фан категории во кои секој сопственик може да го пријави своето куче за најубаво стилизирано...

Утре отворање на изложбата „Жени во занаетчиство“ по повод Деновите на занаетчиството

Во чест и обележје на Деновите на занаетчиство, утре во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе биде отворена изложбата „Жени во занаетчиство“ чијшто покровител е сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска. Изложбата ќе се отвори во 16:30 часот. На отворањето свои обраќања ќе имаат сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД...

Изложба на воздухоплови в недела на аеродромот „Стенковец“, над Скопје ќе летаат борбени авиони

Граѓаните на Скопје и на Северна Македонија в недела ќе имаат уникатна можност одблиску да видат дел од воздухопловите кои се користат на вежбата „Swift Response 22“, која се реализира на армискиот полигон „Криволак“. Како што информираат од Министерството за одбрана, дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите AH-64 Apache, UH-60 Black Hawk, CH-47 Chinook, HH-60, Mi-17, Bell...

Изложба на илустрации од литература за деца од македонски уметници во Букурешт

Во Националниот Музеј на Романската Литература (MNLR) на 3 мај ќе се отвори изложбата „Илустрации од македонската литература за деца (90-тите години на XX век)“ во чиј состав влегуваат илустрации на Васко Ташковски, Душан Петричиќ, Михајло Писањук, Бранислав Мојсиловиќ, Лилјана Манзаловиќ и други кои твореле во вој период во рамките на тогашниот бастион на детската литература, книгоиздателството „Детска радост“. Станува збор...

Повеќе возење велосипед и понови возила се услов за поеколошки транспорт

Повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, да се покрене свеста за нашата околина, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, се дел од заклучоците на дебатата „Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“ инспирирана од тековната изложба...

Отворена изложбата на Зоран Кардула во Тирана

Бројни гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот на Албанија, дипломати од повеќе земји од Германија, Јапонија, Велика Британија и Франција се пристуствуваа во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана на отворањето на изложбата на Зоран Кардула, информираат од Македонскиот културно-информативен центар во Тирана. „Делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер кој веќе 20 години ја...

Празникот на уметноста одбележан и кај нас, македонските уметници со специјални изложби и нескромна уметност

По повод светскиот ден на уметноста кој се одбележува на 15 април, избрани македонски уметници, членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, како и младите уметници, студентите на Факултетот за ликовни уметности, организираа целодневни настани проследени со изложби. Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) се претстави со изложбата „Поместени граници“ составена од уникатни изработки, дела и инсталации на осум визуелни...

Изложба на карикатури „На тенок мраз“ од Лазо Плавевски во сабота во МСУ

Музејот на современата уметност – Скопје ја најавува изложбата на карикатури „На тенок мраз“ од истакнатиот карикатурист Лазо Плавевски, која ќе биде отворена во сабота (16 април) со почеток во 12 часот во просториите на музејот. „Изложбата го прикажува творештвото на Плавевски настанато во последните седум години. Станува збор за карикатури коишто тој од 2015 година континуирано ги објавува на...

Во петок ДЛУМ ќе ја отвори изложбата „Поместени граници“ по повод Денот на уметноста

Во петок по повод 15-ти април, Светскиот ден на уметноста, ќе се отвори изложбата „Поместени граници“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) во соработка со Министерството за култура. Официјалното отворање ќе започне во 13:30 часот во дворот на Министерството и ќе трае до 20 часот истиот ден. „Поместени граници“ е концепт проект посветен на новите медиуми, потенцирајќи...

Во сабота се отвора изложбата „Аквизиции – донации 2017-2021“ во МСУ – Скопје

Во сабота, на 2 април, со почеток во 12 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се отвори изложбата „Аквизиции - донации 2017-2021“. Станува збор за поставка чиј начин на претставување се негува уште од 1963 година, а на која ќе бидат изложени дела што музејот ги има добиено по пат на откуп и донација од 2017 до...

Инклузивниот ансамбл преку изложба порача: Нашите реки се предмет на искористување

Инклузивниот ансамбл по повод Светскиот ден на водите - 22. Март, со мултимедијалната изложба „Слободни реки за слободни деца“ испратија порака до сите нас да се запрашаме што се случува со нашите реки и дека можеме да влијаеме на одлуките на властите коишто можеби решаваат да ги искористат реките за одредени тесни интереси, иако реките ни припаѓаат на сите. За...

Вечерва отворање на изложбата „Слободни реки – слободни деца“ по повод денот на водите

Вечерва со почеток во 19:00 часот во просториите на Културно-социјалниот простор „Центар - Јадро“, а по повод Светскиот ден на водите ќе се отвори изложбата „Слободни реки за слободни деца“. Отворањето ќе започне со проекција на филмот „Заробени реки“ и мини концерт на инклузивниот хор на Колектив Ветерница и Трисомија 21 Скопје. Изложбата е во организација на КСП „Центар- Јадро“, Колектив...

„Во потрага по хуманоста“ на Аи Веивеи во „Албертина Модерна“ музејот во Виена

Во музејот „Албертина Модерна“ во Виена на 16 март се отвори најсеопфатната ретроспективна изложба на познатиот кинески уметник и дисидент Аи Веивеи организирана досега. Изложбата „In Search of Humanity“ (Во потрага по хуманоста) ги носи на едно место неговите уметнички дела што се наоѓаат во различни колекции, заедно со неговите документарни филмови, и тоа во периодот кога Европа се...

Отворена изложбата „Розeви тигри и златни гуштери и сѐ друго“ – дел од кампањата за Европскиот зелен договор

Денеска во резиденцијата на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ, заедно со Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на државата, ја отворија уметничката изложба за Европскиот зелен договор насловена „Розеви тигри и златни гуштери и сè друго“. Главната тема на изложбата е спречување на колапсот на биодиверзитетот, што е меѓу основните цели на Европскиот зелен договор, а...

Во петок е отворањето на самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски – Чауш

Во петок, со почеток во 20 часот, во просториите на ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите ќе се отвори самостојната изложба на македонскиот скулптор, Ангел Димовски - Чауш. Изложбата е содржана од 60 дела и тоа: скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во различни материјали, бронза, дрво, алуминиум и мермер, коишто авторот ги работел во изминатите 50...

Отворена изложбата „Мултикултурализмот низ објективот на младите“

Средношколците од Скопје кои учествуваа на обуките за фотографија и камера како креативни алатки, во рамки на проектот „Мултикултурализам и радикализација: Нови пристапи кон старите проблеми“ кој го спроведе здружението Нексус- Граѓански Концепт денеска ги претставија своите дела. Отворањето на изложбата насловена „Мултикултурализмот низ објективот на младите“ се одржа во просториите на Млади Хаб во центарот на градот. Средношколците во јавноста...

Страхил Петровски ја доби наградата „Гранд При“ на отварањето на „Зимски салон“

Вчера во просториите на Чифте амам беше отворена 19-тата по ред ликовна манифестација организирана од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), „Зимски салон“. На отварањето свое обраќање имаа министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте и кураторот на изложбата Анка Боериу, романска професорка на Националниот Универзитет за уметности во Букурешт. „19-тиот ликовен Салон несомнено...

Во среда отварање на ликовната манифестација „Зимски Салон“ од ДЛУМ

Во среда со почеток во 20 часот во просториите на Националната галерија, објектот Чифте амам, Друштвото на ликовни уметници на Македонија по 19-ти пат ќе ја отвори изложбата што прерасна во ликовна манифестација, „Зимски салон“. За годинешниот избор на дела од македонски уметници, членови на ДЛУМ селектор е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а...

„Меѓународниот град на уметностите“ во Париз прикажа македонски дела на својата архивска изложба

Реномираната културна институција „Меѓународниот град на уметностите“ во Париз на својата голема изложба „Повторно надвор: жива архива“ („Emersions: archive vivante“) на архивски документи која се отвори на 10 јануари претстави фотографии и на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров на Ателјето, и уметничко дело од академскиот сликар Коле Манев. Изложбата ја раскажува приказната за...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...