fbpx

„Немаме потреба од одбрана туку од мудрост“ – Заврши манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

-

Вчера вечер се одржа завршниот настан од манифестацијата за чествувањето на Блаже Конески во годината што е стогодишнина од неговото раѓање.

„Блаже Конески, тој тивок и кроток човек, добиваше строг лик со кој до крај го бранеше секој збор, секоја буква од македонската азбука. Зашто одбраната на посебноста на македонскиот јазик за Конески е света работа и должност: „не е тоа јазик создаван под никаков диктат… и на тие што удирајќи против нашиот јазик лицемерно тврдат дека не работат против нашата нација, ние ќе им одговориме дека прават нешто повеќе: посегаат во светаја светих на македонскиот народ.“ На еден од тие циклични напади еднакви на опсесија, Конески одговара: „На тие што од високо би сакале да погледаат на нашиот јазик, можеме да им речеме само: Ваша работа!“, рече во своето обраќање министерката за култура Ирена Стефоска.

Стефоска ги цитираше зборовите на лингвистот Трајко Стаматоски, велејќи
дека Конески во толкувањето на фактите настојуваше да биде и да остане непристрасен, се залагаше да завладее на пошироките балкански простори поинаков
дух во поимањето на работите. Тој оформи национален, а не националистички пристап во проучувањата.

Ние имавме татковина и кога немавме држава. Зашто, како што вели
Конески: „Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме,
го негуваме, го вардиме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме
дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“ – Се вели во текстот на Трајко Стаматоски.

„Минатата година беше стогодишнина од раѓањето на Славко Јаневски, оваа – 100 години од Блаже Конески, а во 2023 – еден век од раѓањето на Ацо Шопов. Сите тројца, основачи на Македонската  академија  на науките и уметностите и сите тројца со мисија да ни остават  силен  македонски збор и како благослов и како аманет. Зашто мајчиниот јазик на човека му е и првата и последната  мисла“, заврши министерката за култура.

Фото: Министерство за култура

На свечениот настан беа присутни и покровителот на Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, Стево Пендаровски, министерката за образование и наука, Мила Царовска, Оркестарот на Филхармонијата, баритонот Горан Начевски, маестро Дијана Имери Илкоска изведоа дела на двајца великани на македонската современа музика – Томислав Зографски и Тодор Скаловски, во оркестрација на Ангел Спироски. Беше претставена и изложбата на илустрации пристигнати на конкурсот објавен од Факултетот за ликовни уметности за изработка на јубилејната книга „Блаже Конески – поезија и кратка проза“, во издание на Струшките вечери на поезијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...